19 Мај, 2024
0.0261

Албанската полиција уби Грк, за Рама тој е луд

Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Полицијата во Албанија уби Грк, кој пукал на полицајците кои го симнувале грчкото знаме од гробиштата од Втората светска војна во селото Буларат, недалеку од границата.

Убиството иницираше остра реакција од Атина.

Албанските медиуми објавија дека убиениот е Константинос Кацифас (35), кој пукал од калашников во албанските полицајци кои го симнувале знамето.

Албанското село Буларат, претежно населено со Грци, ја одбележувало годишнината од влегувањето на Грција во Втората светска војна, 28 октомври 1940 година, и тогаш се случил инцидентот, пренесе Катимерини.

Албанската полиција тврди дека Кацифас пукал на нив и дека тие возвратиле и го убиле.

Грчкото Министерство за надворешни работи реагираше дека „е неприфатливо операцијата да резултира со загуба на човечки живот“.

„Чекаме од албанските власти целосно објаснување на условите под кои еден грчки државјанин го изгуби животот и веднаш ќе ги преземеме неопходните чекори“, стои во изјавата на грчкото Министерство за надворешни работи. 

Албанското Министерство за надворешни работи се огласи со соопштението во кое „жали поради неоправданата политизација“ на случајот.

Тие наведуваат дека албанската полиција „детално објаснила“ дека е во прашање „целосно изолиран случај“, како и „флагрантен чин“ на агресија против албанската полиција.

Албанското министерство, изјави дека „ги уверува своите соседи дека Албанија е безбедна и мирна земја за сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и Грците“.

Пред амбасадата на Албанија во Атина поради убиството на Гркот, протестираа членовите на крајно десничарската Златна зора, поради што улицата била затворена. Албанските медиуми објавија дека Кацифас бил член на Златна зора, наведе АП.

Кацифас е роден и израснат во Буларт, село оддалечено шест километри од границата со Грција, а од неодамна живеел во Атина.

Во соопштението на албанската полиција се наведува дека Кацифас прво пукал во воздух, а потоа и на полициските возила што му се приближувале.

Албанскиот премиер Еди Рама се чини налева масло на огнот преку твитот, во кој жртвата ја опишува како „луд човек", пренесе Катимерини.

Во пост на Твитер, Рама изјави дека албанската полиција „само ја вршела својата работа“.


„Драги соседи! Наместо да го опишувате како неприфатлив инцидентот во кој е изгубен животот на луд човек кој отвори оган на нашата полиција, која само ја извршуваше својата работа, да му се заблагодариме на Бога дека ниеден невин живот не е изгубен поради екстремистичкото лудило“, напиша Рама на Твитер.

Сепак, грчките власти бараат да се расчисти случајот. 

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс