ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик
Објавено во: Балкан 19 Мај, 2024
Амандманите кои ги поднесе Црна Гора на Резолуцијата за Сребреница, српскиот претседател Александар Вучиќ ги нарече „валкана игра“.
„Тоа е валкана игра и перфиден трик. Тие намерно оставаат простор за јасен заклучок за морална и политичка одговорност“, изјави Вучиќ на 19 мај за телевизија „Пинк“ и додаде дека по враќањето од Њујорк ќе каже со кого Црна Гора преговарала за ова прашање.
Предлагачите на нацрт-резолуцијата за Сребреница ја утврдија конечната верзија на тој документ, за кој во четврток на 23 мај ќе расправа Генералното собрание на ОН.
На 9 мај, премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ ја објави поддршката на Црна Гора за резолуцијата. Но, поради противењето на просрпските и проруските партии од парламентарното мнозинство, кои тврдат дека ги означува Србите како „геноцидна нација“, Министерството за надворешни работи испрати два амандмани на текстот на резолуцијата за 13 мај.