Албански табли и за новото име на аеродромот

Објавено во: Македонија 07 Март, 2018
Албанската јавност во Македонија беше нетрпелива да се испочитуваат правилата од двојазичноста откако беа отстранети сообраќајните табли со старото име на аеродромот и потоа беа поставени нови табли кои го прикажуваат „Меѓународниот аеродром Скопје“. претходно познат како Александар Велики.
Сега, согласно законските прописи поставени се и двојазичните табли на кои покрај на македонски и на албанск јазик е испишано новото име на скопскиот аеродром “Aeroporti Ndërkombëtar Shkup”.
Екипи на Македонија пат исто така ги отстранија таблите на кои беше испишано името автопат „Александар Македонски“ и беа поставени таблите со новото име на автопатот „Пријателство“.
Овие постапки ги донесе премиерот Зоран Заев како знак на добра волја и градење доверба со Грција и премиерот Ципрас за конечно да се реши деценискиот спор за името.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ: Намалена казната на Мијалков за да не падне владата

Д-р. Исјановски за Фактор: 3.000-те дози од Спутник V безбедно се чуваат во поликлиниката „Јане Сандански“, имунизацијата стартува во среда
Фотографии од запленетиот хашиш: Бил наменет за Турција

ПРЕДЛОГ ИМА-ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ДО 05 ЧАСОТ: Комисијата за заразни болести ќе каже од кој ден ќе почне и до кога ќе трае

Гаши за БГНЕС: Требаше вие први да ни доставите вакцини, а не Вучиќ

Од МВР до Паркот Жена Борец: Жените ќе маршираат и за расчистување на „Јавна соба“

Спасовски за 8 Март: Ќе се формира посебна полициска единица против родово насилство

Прашавме Македонци, Албанци, Роми што мислат за вработување во приватен сектор по етнички клуч?
