АЛБАНСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПОСИЛЕН ОД СКОПСКИОТ ОД 63-ТА - Гаревски: нашите граѓани да не се плашат
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019 12:46
Земјотресот со магнитуда од 6,4 степени е посилен од скопскиот катастрофален земјотрес во 1963 година, вели за Фактор Михаил Гаревски, поранешен директор на реномираниот скопски Институт за земјотресно инжењерство и сеизмологија.
„Овој земјотрес не е за изненадување, бидејќи Албанија е многу посеизмички активен регион од Македонија. Албанија е сеизмички активен регион, бидејќи таканеречената микројадранска плоча се подвлекува под Динаридите. За вакви магнитуди очекувано е да има дури и поголем број жртви и многу помасовни урнувања и повреди“, вели Гаревски.
Тој за Фактор вели дека набргу ќе оди во Албанија, кај колеги со кои соработувал и им бил професор, и според него, голема е веројатноста да има голем број оштетувања.
„Ваква магнитуда нормално е да се почувствува и во поширокиот регион, затоа и не е за изненадување што се почусвтува и во Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија..., и тоа воопшто не е за изненадување“, вели Гаревски.
Тој со порака до нашите граѓани дека се безбедни, од неколку апекти.
„Сите објекти во земјава кои се изградени после 1963 година се доста сигурни, и иако се очекува да има уште многу афтершокови како последица на главниот удар, тие можеби и ќе се почувствуваат кај нас, но граѓаните да не се плашат воопшто. Ова и од причина што поради оддалеченоста, ниту еден од овие афтершокови, поради атенулацијата на забрзувањето, не може да доведат до никакви оштетувања на било кој објект на територијата на Македонија. Ниту, пак, може да се очекува дека овој земјотрес во централното подрачје на Драч да предизвика активирање на некој од сеизмички активните региони во Македонија“, вели Гаревски.
( Н.Н.Ф.)
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




