24 Јуни, 2018
0.6856
    ALK 8331.04    0.37%     BESK 9899    1.01%     COMA 306    0%     GRNT 848.09    2.11%     KMB 5322.64    1.79%     MPT 43620.21    5.11%     MTUR 4790.91    1.94%     OHB 6376.92    -0.37%     OKTA 4747    9.98%     POPK 15    7.14%     RMDEN16 95.5    0%     RMDEN17 95.6    0.21%     RZLV 82.6    1.98%     RZUS 149.5    6.03%     STB 981.83    1.27%     STBP 896.62    0.28%     STIL 153.87    3.97%     TETE 2299.91    0.45%     TNB 13946.7    1.16%     TPLF 1113    -9.95%     TTK 1030.25    2.55%     UNI 2618.83    8.01%     ZILU 262.98    2.73%

Албанските интелектуалци уште се „мачат“ за новото име на Македонија

Објавено во: Анализа 10 Март, 2018

Од помпезно најавуваниот Меморандум на група албански интелектуалци за разговорите за името со Грција засега се уште нема ништо. Веќе половина месец наголемо се зборуваше дека дваесетина интелектуалци ќе склопат Меморандум во кој ќе бидат застапени интересите на Албанците во Македонија со цел конечното име кое ќе биде договорено со Грција да ги рефлектира и нивните етнички и национални стремежи, како и историското присуство на овие простори.

Според досегашните изјави на албански аналитичари и новинари во Меморандумот кој се уште го нема треба да се содржат неколку клучни точки. Како прво Албанците не смејат да дозволат евентуалното договорено име да го негира нивниот историски, културолошки и лингвистички идентитет во Македонија. 

Одамна е познат ставот на речиси сите албански партии во Македонија дека Словенска Република Македонија не е прифатлива за нив. Како што тврдат албанските историчари, Албанците на овие простори потекнуваат од Илирите, па тоа често се поклопуваше и со одредени аспирации да биде прогласена Република Илирида како трета албанска држава на Балканот. 

За нив проблематично е македонското тврдење за потеклото во историјата од античко време, односно од античкото кралство Македонија со најславните владетели Филип Втори и Александар Трети. Во суштина, албанските историчари сметаат дека барањето на Грција за историска дистинкција во антиката не смее да ги наруши албанските тврдења на Илирида или Дарданија на Албанците во Косово. Да не заборавиме и дека има тврдења за илирско потекло на македонските антички племиња, па дури и дека Александар Велики по некоја логика треба да биде Албанец. Ова баш би било интересно Албанците кои се залагаат за ваквата кауза да се обидат да го претстават пред Владата на Грција за да видиме каков одговор ќе добијат, кој да знае можеби и Ципрас ќе потклекне и ќе признае дека античка Македонија е всушност албанска, а не грчка или македонска. 

Понатаму, од групата која го составува Меморандумот, а според времето кое и треба очигледно има тешка и макотрпна работа да смисли конкретен предлог, се бара да се обезбеди соодветна репрезентација на Албанците во преговорите кои Владата на Република Македонија ги води со Грција. Се тврди дека премиерот Заев го „монополизирал“ целиот процес преку директните и тајни преговори за кои Албанците не се воопшто информирани. 

Тие бараат и место на преговарачката маса, но не кажуваат што точно ќе бидат нивните ставови, небаре нивното име и нивниот идентитет е доведен во прашање. Без оглед Македонија каков договор ќе постигне Албанците и натаму ќе си бидат албански, ќе бидат припадници на албанскиот народ и нација и ќе говорат на албански јазик. 

Нешто поконструктивни ставови засега има од поголемите албански партии во Македонија, вклучувајќи ја и ДУИ со нејзиниот репрезент вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и пратеникот Артан Груби. Иако и двајцата имаа моменти на политичка импровизација со одредени изјави, сепак демонстрираат конструктивност и не се обидуваат да ги минираат преговорите меѓу Заев и Ципрас кои и онака се пределикатни и неизвесни со екстра барања за „албанизација“ на името со што значително би ги ослабиле македонските преговарачки позиции.

Секако, конечното решение со Грција засега е доста далеку и постојат огромни пречки со многуте неразумни барања од грчка страна, но процесот е под меѓународен надзор од каде постојано доаѓаат охрабрувачки политики да се тргнат разликите настрана. Тоа секако, не смее и не може да биде само на товар на Македонија, ниту пак македонскиот народ би дозволил недостоинствено решение кое ќе ги срози идентитетските одредници, за што веќе се изјаснија Заев и Димитров на дипломатски начин, а тие пораки веќе ги прими и Атина по што се пламна грчката опозиција. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Со просечна плата до нов автомобил?

НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Со просечна плата до нов автомобил?

Колку пари ќе собере државата од повисокиот персоналец и зошто и требаат

Колку пари ќе собере државата од повисокиот персоналец и зошто и требаат

Колку пари ќе не чини првата 30 годишна државна обврзница?

Колку пари ќе не чини првата 30 годишна државна обврзница?

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Што ги зголеми заштедите: Банките чуваат 5,6 милијарди евра

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Потрошувачките и станбените кредити забрзано растат: Колку им должиме на банките

Ексклузивно: Владата ќе наплаќа данок на каматите на заштедите, а еве за колкави приходи ќе плаќаме повисок „персоналец“

Ексклузивно: Владата ќе наплаќа данок на каматите на заштедите, а еве за колкави приходи ќе плаќаме повисок „персоналец“

СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ: Колкави треба да ви се приходите за да плаќате повисок данок?

СЕ КРЧКА ЗАКОНОТ: Колкави треба да ви се приходите за да плаќате повисок данок?

Како „Кам Маркет“ го изеде “Тинекс“?

Како „Кам Маркет“ го изеде “Тинекс“?

Како „газат“ големите ланци на супермаркети?

Како „газат“ големите ланци на супермаркети?