25 Април, 2025
0.6226

МОЖЕБИ УСПЕАЈА ДА ЈА СПРЕЧАТ ПРОДАЖБАТА НА СТОПАНСКА БИТОЛА, АМА НЕ УСПЕАЈА СО ПРОФИТОТ - како „Пелистерка“ со приходи од 5,5 милиони евра „падна“ на добивка од 200 илјади

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Можеби како доминантен акционер им успеа да ја спречат продажбата на Стопанска банка Битола на Комерцијална банка, ама очигледно не им успеа да си го подобрат работењето во својот двор, па наместо да ја зголемат, ја намалија својата добивка за првите девет месеци од годината, и тоа за цели 59 проценти.

Точно, станува збор за „Пелистерка“, компанијата која се занимава со производство на освежителни пијалоци, минерална вода, но и друга флаширана вода.

Имено, како што е познато, таа компанија со околу 17 проценти е најголемиот акционер на Стопанска банка Битола, а заедно со поврзната компанија „Тимох“ контролира над 21 отсто од банката, и тие беа главните акционери околу кои се собра групата кои не гласаа за продажба на банката на Комерцијална. Како и да е, банката си продолжи по својот пат, а прикажа и позитивно финансиско работење за првите девет месеци од годинава, односно одлична добивка од 694 илјади евра, наспроти многу поголемата загуба во истиот период од минатата година.

Но, анализата во овој текст е посветена на главниот акционер на Стопанска банка Битола, а тоа е „Пелистерка“.

Имено „Пелистерка“ во првите девет месеци од годинава има остварено чиста добивка од само 198 илјади евра, или нецели 200 илјади, што е голем своевиден „неуспех“ ако се има предвид дека лани нето профитот бил на ниво од 485 илјади евра. Или, намалувањето е за цели 59 проценти.

А, оваа слаба добивка е остварена во услови кога приходите од продажбата биле доста солидни и изнесувале дури 5,42 милиони евра. Тоа е пораст за два отсто во однос на истиот период лани.

Притоа треба да се истакне дека 4,38 милиони евра се приливи остварени од продажбата на соковите и водата на домашниот пазар, и тука има благо намалување за пет проценти, додека пак, причина за радост може да биде освојувањето на нов простор на странските пазари, со продажби кои таму достигнале 1,04 милиони евра, што е зголемување за дури 50 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи пораснале со поголем процент од приходите, односно за дури 18 отсто, а изнесувале 4,7 милиони евра.

Најголем дел се трошоци за суровини и други материјали и тоа 3,06 милиони евра, и кај нив има наголем пораст за 36 проценти.

За плати и надоместоци на вработените се исплатени 606 илјади евра, и тоа е зголемување за 10 проценти.

Ова довело до тоа оперативната добивка на компанијата да биде 630 илјади евра, што е намалување за 42 отсто во однос на истиот период лани.

Компанијата немала финансиски приходи, но затоа имала финансиски расходи од 410 илјади евра, што по нивната и пресметаката на корпоративниот данок, доведува до чист профит од 198 илјади евра. Или тоа е намалување за 59 проценти.

Најголем сопстгвеник на „Пелистерка“ е ЦИП Продукт на Цветан Панделески, со 89,55 отсто од капиталот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции