06 Декември, 2024
0.0303

МОЖЕБИ НЕМАШЕ ФАНТАСТИЧЕН СКОК, АМА БИЗНИСОТ Е ЗДРАВ - браќата Накови со „Фершпед“ „газат“ по стабилни штици

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Високи приходи, стабилен бизнис и стабилна добивка. На шпедитерскиот бизнис олицетворн преку компанијата „Фершпед“ воопшто не му одело лошо оваа гподина, ама нема ни некои приходни или профитабилни скокови во однос на истиот период од минатата година.
За разлика од, на пример, 2023 година, кога имаше голем раст на добивката за околу 50 проценти, во првите девет месеци од годинава чистиот профит е зголемен за три проценти, што воопшто не е лош резултат.

Еве како сработе Фершпед во првите три квартали.

Билансот на успех говори дека имаме една здрава компанија, со здрави и стабилни приходи, и што е уште поважно, остварени од кор бизнисот, односно од основната шпедитерска дејност.

Па така, во првите девет месеци од годинава „Фершпед“ остварил оперативни приходи од безмалку 57 милиони евра, што е раст за 4 отсто во однос на истиот период од минатата година. Сите овие приливи се должат на приходите од продажбата, кои тежат 56,9 милиони евра или тука исто така имаме раст од 4 проценти.

Билансот на успех во континуитет покажува дека компанијата на семејството Накови најголемите пари, односно приливи, ги прави дома, па така приходите од продажба на домашниот пазар се 56,5 милиони евра, што е раст за 6 отсто споредено со истиот период лани.

На странскиот пазар она што се работело за девет месеци и донело на компанијата прилив од само 390 илјади евра, што и онака е мало како сума, но и има значајно намалување, за цели 67 проценти во споредба со истиот период од минатата година.

И оперативните расходи се тука некаде, тие биле на ниво од 55,3 милиони евра, со исто зголемување како и приходите, за 4 проценти.

Главниот трошок, логично, се услугите со карактер на материјални трошоци, на сума од 45,4 милиони евра, а и кај нив има стабилен раст од 4 проценти.

Набавната вредност на трговските стоки ја чинела компанијата 5,5 милиони евра, и тука има малку повисок раст, од 11 проценти.

А, за вработените се исплатени 2,3 милиони евра, и она што е малку разочарувачки е дека тој трошок е намален за 1 отсто, што значи дека или се намалил бројот на работници, што е поверојатно, или, пак, има некои намалувања на месечните примања, иако станува збор за ситен износ.

Како резултат на сето ова оперативната добивка на компанијата е 1,7 милиони евра за девет месеци, зголемена исто за 4 проценти.

Позначаен раст за 29 отсто имаат финансиските приходи, и тие изнесувале 127 илјади евра, а најголем дел од нив, 82 илјади евра, се должат на приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.

Финансиските расходи, пак, биле само нецели три илјади евра, и добар сигнал е што кај нив има намалување за дури 57 проценти.

Значи, на крајот на денот чистата добивка на компанијата е 1,65 милиони евра, што е скромен раст, но сепак раст од 3 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Инаку, акционерската структура во компанијата е непременета подолг период и изгледа вака. Најголем поединечен акционер во „Фершпед“ е „помалиот брат“ „Макошпед“, со 19,65 отсто од капиталот, а синовите на долгогодишниот директор Штерјо Наков, Драган и Сашо Накови имаат по 11,83 и 11,04 отсто соодветно. Чоколадната фабрика „Европа“ има 9,66 отсто од капиталот, а самиот „Фершпед“ поседува сопствени акции од 9,99 проценти од капиталот.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Минималната плата ќе ја договорат синдикатите и работодавачите, премиерот нема да се меша

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

МИЦКОСКИ ЗА СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ: Некои корисници примале до 60.000 денари, некои се починати, некои долго се отсутни од државата

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ПО РЕД: Светските цени на храната растат

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

СИНДИКАТОТ БАРА ПОВИСОКИ ПЛАТИ: Дали минималецот ќе се зголеми на 450 евра?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ, ДЕПОЗИТИ, МОНЕТАРНО ЗЛАТО: Koлку изнесувале девизните резерви во ноември?

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Најновите избраници на Трамп се благодет за неговите најбогати крипто-поддржувачи

Македонскиот извоз и натаму во пад

Македонскиот извоз и натаму во пад

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот

ЗНАМЕТО „ЕКСПО“ ВО РАЦЕТЕ НА СРБИЈА: Свеченост во Сава центарот