07 Декември, 2025
0.0303

ВО БОСНА БУРЕКОТ ОБИЧНО СЕ МЕРИ: Дали македонските бурекџилници би прифатиле да работат на тој начин?

Објавено во: Економија 05 Ноември, 2024 07:39

Добивај вести на Viber

За тоа дали и во Македонија, по примерот на Босна, бурекот би можел да се мери при продажба, има различни мислења. Едни се за, други се против. Некои сопственици на бурекџилници објаснуваат дека такво нешто тешко би функционирало во земјава, со оглед на тоа дека состојките за правење на бурек се скапи, на пазарот велат тешко се опстанува, народот се иселува, а со тоа и бројот на купувачи е помал и секој гледа да заработи.

„Мислам дека тоа ќе  биде тешко да се спроведе.  Сè помалку има работа, нема луѓе, нема потрошувачи. Навика си е навика. Навикнати се толку години во бурекџилниците да продаваат на четвртинка, на осминка. Некаде бурекот го прават со повеќе кори, некаде со помалку, а сирова пита треба да е 1.2 килограми, а печена да тежи 1 килограм. Бурекот треба да биде со 4 кори, а некаде го прават со 3 кори. Јас сум мајстор за бурек, и семејно работевме 25 години и скоро затворивме оти нема луѓе, а мој беше дуќанот, не плаќавме ни кирија. Тешко се опстанува на пазарот. Варира квалитетот на бурекот многу и секој гледа да заштеди, да му се исплати, да има ќар. На пример, 20 килограми маст достигнуваше 50 евра, месото е скапо, основните состојки за правење бурек се скапи. Газдата треба да му стави висока цена на бурекот, за да купи квалитетни намирници. Се прават комбинации за да се исплати. Ако купи јунешко месо за во бурекот, четвртинката треба да чини 2 евра“, објаснува мајстор за бурек од Скопје кој неодамна го затворил дуќанот.

Но, има и луѓе кои сметаат дека стандардите треба да бидат утврдени и да се почитуваат, иако се свесни дека тоа во пракса тешко би функционирало и на многумина нема да им одговара.

„Според менталитетот наш не знам дали такво нешто би прифатиле. Мислам дека е подобро со мерење, се знае што добива муштеријата, што добива газдата.  Четвртина треба да тежи 250 грама, а некаде не тежи ни 150 грама и можат да играат со цената“, вели Горан, мајстор за бурек.

Валентина Матева, чие семејство се занимава со производство на бели печива додава дека и сега се трудат да испорачуваат ист квалитет секој ден ако сакаат да ги задржат купувачите.

„Не би било изводливо засега да се мери. Обично е од 280 до 300 грама едно парче, односно четвртина, тоа е стандард. Гледаме секогаш четвртинките да бидат исти, да бидеме фер кон муштериите, да бидат задоволни и тие и ние“, вели  Матева.

Следниот наш соговорник кој 25 години работи во пекарскиот занает, наведува дека треба да се направи разлика меѓу потреба и луксуз. Тој додава дека луѓето постојано се на шопинзи во соседството, рестораните и кафулињата се полни, а од друга страна се дискутира дека лебот, бурекот или некоја друга намирница е скапа.

„Кај што ќе ви се допаѓа бурекот,  таму ќе купите. Овде луксузот мора да се практикува, а лебот е скап и бурекот е скап и ѓеврекот. Потреба е да јадеш ѓеврек, два ѓеврека и еден јогурт се 60 денари кај мене, а за тие пари нема ни едно кафе во Скопје. Последниве години имаме помала заработка за разлика од порано, иако тогаш цените беа пониски“, вели сопственик на бурекџилница во Тетово.

Од босанските бурекџилници потврдуваат дека кај нив бурекот обично се мери на вага.

„Во Босна бурекот најчесто оди на вага, односно на грамажа и колку сака купувачот, толку мериме. Килограм чини од 7 до 10 евра, зависи каде купуваат и каков е квалитетот или се продава на парче кое чини 2 евра. За осмина не сме чуле да има во продажба“, изјавија од пекарницата Голд од Сараево.

Како што се случуваат брановите поскапувања во Македонија, така и купувачите се жалат дека грамажата на некои производи е намалена. Претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар Велков деновиве кажа дека пекарските производи се многу поскапени и го наведе примерот од Босна дека бурекот се мери.

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува