16 Декември, 2025
0.0350

Алексис Ципрас – „корисен идиот“ на Путин?

Објавено во: Балкан 09 Април, 2015 19:17

Добивај вести на Viber

Посетата на грчкиот премиер во Русија предизвика сомневање кај европските партнери во позадината на тешките преговори за финансискиот опстанок на Грција. Кога Ленин зборуваше за активистите на комунистичката петта колона во западните земји, тој ги нарекуваше „корисните идиоти“. Не е исклучено токму таква улога да и придава Владимир Путин на грчката влада на чело со Алексис Ципрас, кој очигледно не се разбира со своите европски колеги и ја оствари својата посета на Москва, пишува колумнистот Жан-Батист Ноде од француското издание „L'OBS“.

Важноста на оваа дводневна посета за лидерот на „радикалните левичари“ (Ципрас за прв пат излегува од границите на ЕУ) и најавената средбата со поглаварот на руската држава, а исто така и со премиерот Дмитриј Медведев.

Потсетува на уцена

Експедицијата на Ципрас потсетуваше на уцена. Грчкиот премиер како што сака да им покаже на своите европски партнери дека ако не се согласат да им доделат средства (според условите на Атина), за да се спречи банкрот на земјата, тогаш тој може да се обрати за финансирање кон Москва. Путин може само да се радува за тоа. Бидејќи во замена може да побара да го искористи правото на вето за гласањето на европските санкции - казната кон Русија поради Украина.

Не станува збор за официјален билатерален заем меѓу Москва и Атина. Но руските банки може „ненадејно“ да се здобијат со грчки обврзници, кои не му се потребни никому, освен на Европската централна банка во рамките на политиката на солидарност на ЕУ.

Предупредувањето на Европа

Европејците недвосмислено му дадоа на Ципрас разбирање дека не смее да ја преминува црвената линија. Во интервју за „Hannoversche Allgemeine Zeitung“ Мартин Шулц го предупреди Ципрас и го смета за „неприфатлив“ секој обид на Атина да тргне „против заедничката европска политика во однос на Русија во замена за помош“.

Во секој случај Москва останува вистинска Мета за комунистите, националистите и антиевреиските политичари. Како и за модернизација на комунистот Ципрас. Во замена на проруските изјави (тој ги нарекува санкциите против Москва „бескорисни“) Алексис Ципрас може да добие награда, исто како и антиевропскиот унгарски лидер Виктор Орбан. Кремљ би можел да го поништи ембаргото за овие држави во сверата на земјоделското производство.

Но некои атински политичари сугерираат дека посетата во Русија не е едноставно дипломатска игра. Сега Европејците го принудуваат грчкиот премиер да оствари економска политика, која е спротивна целосно на неговите предизборни ветувања (што е чисто политичко самоубиство) и затоа тој се подготвува да направи остар свиок.

Хипотеза на блеф

Сега на секаков начин во Атина се обидуваат да покажат дека долгата серија преговори значи дека народот може да има доверба на владата на „СИРИЗА“, која направи сè или речиси сè за да ги задоволи европските кредитори. „СИРИЗА“ доби 36% од гласовите во крајот на јануари, а денес ја има поддршката на речиси 60% од Грците.

За април сеуште останува предвидено потпишување на финансискиот договор меѓу Грција и ЕУ и хипотезата за блеф изгледа се повеќе е веројатна. Бидејќи иако Путин се обиде да ја раздвои ЕУ, користејќи и ги слабостите на неговите членови, на Русија и се наметнуваат сериозни буџетски кратења поради санкциите и падот на цените на нафтата, затоа едвај ќе стигнат средствата за Грција.

Освен тоа Москва нема којзнае каква потреба од Грција. Руската флота веќе има стабилна база во Медитеранот и објекти во Кипар. Ципрас можеби мисли дека игра тенко во Москва. Но, можеби е добро да се прочита Ленин и да размислат дали всушност не си играат со него.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството