ALFA и MASERATI- големата надеж на Маркионе
Објавено во: Мои пари 11 Март, 2013 14:05
Сепак се поставува прашањето дали Маркиони премногу верува во своите планови?
Минатата година Maserati произведе 6.000 автомобили, а до 2015 година планот е оваа бројка да достигне до 50.000 единици. Во голема мера растот ќе биде резултат од зголемувањето на гамата на модели, меѓу кои првиот е SUV изданието на брендот - Levante.
До 2016-та задачата пред Alfa е трипати зголемување на продажбата. Минатата година компанијата забележа продажба од 101.000 единици.
-Ќе се фокусираме на Alfa Romeo и Maserati во топ сегментите за кои во моментов сметаме дека перманентно расте интересот, истакна Маркионе.
За сето ова навистина треба многу средства, поради што аналитичарите се скептични, а Италијанците во моментов се „кратки“. Комбинациите за преземање на целосна контрола на Chrysler Group од FIAT, сметаат тие дека засега се невозможни, бидејќи италијанскиот автомобилски концерн не располага со достапни средства да го купи преостанатиот дел од сопственоста на Chrysler, а истовремено да инвестира милијарди во преродбата на Alfa Romeo и Maserati.
Иако фабриките работат под својот капацитет, компанијата не предвидува затворање. заедничката продукција на фабриките во Казино, Мелфи, Мирафиори и Помилијано, опадна за 18% само во однос на 2011, или 394.620 произведени возила минатата година. Маркиони вели дека тајната на успехот е што според неговите планови, до 2016 капацитетот на сите европски фабрики, вклучувајќи ги оние во Полска, Србија и Турција, треба да достигне до два милиони возила. Сепак FIAT минатата година произведе 1,25 милиони автомобили. Половина од растот ќе биде благодарение на Alfa Romeo, Maserati и Jeep.
До 2016 година се очкува да пристигнат девет нови модели Alfa Romeo, првиот од нив 4С, веќе претставен во Женева. До 2015 година, сепак палетата ќе остане со тековните MiTo и Giulietta. Maserati ќе добие повеќе од една милијарда евра инвестиции за зголемување на палетата на 6 од 3 модели во моментов. Првиот од производната офанзива е новиот Quattroporte, кој ќе биде проследен со седан со четири врати - Ghibli. Неговата цена ќе биде околу 70.000 евра. Кросоверот Levante ќе се произведува во фабриката на FIAT Мирафиори, а не во Модена. Платформата е од Jeep Grand Cherokee, а производството започнува во 2014.
Превземено од Автоплус
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





