Алфи ги чуваат пратениците во судница
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2018 10:46
Десетици “алфи” ги чуваат пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски во судница, на денешното рочиште за случајот “27 април”.
За разлика од претходните рочишта, кога присуството на полицијата во судница беше минимално, денеска по гласањето на пратениците во Собранието за отпочнување на уставните измени тие ја исполнија големата судица.
На денешното рочиште е предвидено да се изведуваат докази предложени од обвинителството.
Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето изјави дека не смета оти некој е предавник.
Истакна дека не е точно дека имале закани и дека примиле пари за да гласаат за отпочнување на процедурата за уставни измени во петокот вечерта.
– Ништо не е ветувано за случајот 27 април и затоа не сакам да давам никакви информации. Доаѓаме тука да докажеме дека сме невини, изјави Арнаудов.
Тој додаде дека нема да се меша во судските одлуки.
– Верувам во судот и тоа што ќе го донесе како одлука ќе го почитуваме и ќе ги користиме сите правни лекови, потенцира Арнаудов, кој посочи дека го обезбедува полицијата по службена должност.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




