18 Декември, 2025
0.2266

Али Ахмети: Бевме обединети пред 122 години, но денешната власт отстапува од Манифестот

Објавено во: Македонија 02 Август, 2025 12:19

Добивај вести на Viber

“На 2 август 1903 година, Албанците, Македонците и другите заедници се обединија во заедничката борба за слобода и еднаквост. Целтта беше остварена преку заедничкото владеење и еднаквата поделба на одговорностите за предводење на народот пред 122 години. Денес, 2 август нè наоѓа не заедно, туку едни наспроти други, со тенденции за маргинализација и наметнување на етничка супремација“. Ваква порака испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети во пресрет на 2 Август Илинден.

„По децении придонес за еднаквост и праведна поделба на одговорностите, денес се множиме со нула во спроведувањето на владините политики, во вработувањата, дипломатијата, безбедноста, културата, здравството, образованието, економијата, европската интеграција, и насекаде.

Охридскиот договор, кој претставува модерен Крушевски манифест, се обидуваат да го укинат, преку исклучување на албанскиот јазик од службена употреба, преку селективна и политички диригирана правда, преку отстранување на албанското национално знаме, преку укинување на Бадентеровото мнозинство и балансерот како механизми против мнозински диктат, непризнавање на резултатите од пописот, и промовирање на државни политики базирани на моноетничката доктрина – „повторно твоја“.

Ова опасно отстапување од манифестот на заедништвото од пред 122 години и во пресрет на 24-годишнината од Охридскиот договор, е резултат и на поданичкиот однос на една мала група Албанци – без амин од народот, без знаење и храброст за управување, без програма и без рбет да предводат, туку со единствена мотивација на слепата желба за власт, седнување во фотелји што им ги обезбеди падронот, а не народот преку демократски избори.

Драги сограѓани, Албанците се определени за унитарна и заедничка Северна Македонија – праведна и еднаква за сите, партнер во НАТО и идна членка на Европската Унија.

Сè друго што ќе слушнете од кој било друг е само пропаганда за поделби и владеење преку инсталирање на лажен страв кај граѓаните.

Да се почитуваме меѓусебно, да се вреднуваме, да работиме за еднаквост и заедништво, и да престанеме да го третираме овој дом како „твој“ или „мој“, туку како наш”, стои во објавата на Ахмети на ФБ.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми