АЛИУ: Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат
Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2025 13:42
Јас не оперирам срца, мојата работа е да менаџирам систем во кој докторите успешно ќе работат, вели новиот министер за здравство, Азир Алиу.
Алиу најави стабилен, политички независен здравствен систем.
Тоа ќе се направи преку пет столбови:
1. Стратешко планирање преку национална мапа на здравствени потреби. Прв пат ќе изградиме цела мапа по региони и општини, која ќе покаже каде недостигаат лекари, опрема, кадар или функционални центри. Одлуките за инвестиција ќе се базираат на потребите.
2. Транспарентност и отчетност во здравствените услуги, преку платформа за следење на перформансите на здравствените услуги. Повеќе нема да има бројки што се кријат во фиоки.
3.Професионален развој и зајакнување на човечките ресурси. Обучување на лекарите и медицинските сестри. Јасно раздвојување од здравствените и менаџерските услуги.
4. Одржливо финансирање и превенција. Болниците ќе бидат финансирани според бројот на пациенти и нивната ефикасност. Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“. Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други.
5. Дигитализација – која подразбира и поврзување со ЕУ здравствениот систем.
Најави дека овие денови ќе бидат во Кочани за реално да ги согледаат проблемите што ги имаат пациентите од пожарот во дискотеката „Пулс“ и нивните семејства, а утре тој ќе има средба со директорката на болницата.Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




