Алкалоид ги израдува акционерите и пазарот: Дивиденда од 360 денари по акција, 11 отсто повисока од лани
Објавено во: Финансии 05 Март, 2021
Одлична вест за акционерите на „Алкалоид“ и за пазарот на капитал во земјава. Компанијата која е една од најуспешните во земјава ќе дели дивиденда од 400 денари по акција во бруто износ или 360 денари нето. Оваа сума е за дури 11 отсто повисока од дивидендата која друштвото ја подели лани. Имено, минатата година нето дивидендата по акција изнесуваше 324 денари или 360 денари во бруто износ.
Поделбата на дивидендата е предлог одлука на закажаното акционерско собрание кое ќе се одржи на 5 април годинава.
Во дивидендниот календар стои дека последен датум на тргување со право на дивиденда за 2020 година е 20.04.2021 година. Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2020 година е 21.04.2021 година.
Исплатата на дивидендата за 2020 година ќе започне од 19 мај годинава.
Компанијата лани оствари добивка од близу 19 милиони евра, што е раст од 15 отсто во однос на лани, Во текот на минатата година реализирани се и 210 нови вработувања.
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-декември 2020 година, продажбите достигнуваат 9.188.259.186 денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.132.328.349 денари, што е исто така за 9 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.