18 Мај, 2024
0.0272

„Алкалоид“ го финансираше ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Позиционирајќи ја општествената одговорност на врвот од агендата на своето делување, „Алкалоид“ склучи ново партнерство со Црвениот крст на Република Македонија, финансирајќи го ребрендирањето на Дневниот центар за дарување крв, како и понатамошното функционирање на истиот. Главна цел на обновениот центар, е да се афирмира не само како место за дарување крв, туку и како база за едукација на потенцијалните крводарители и за разменување меѓусебни идеи и искуства во рамки на крводарителската дејност. Денот на основањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството во македонски рамки, беа одбележани со промовирање на ребрендираниот Дневен центар во просториите на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“. Генералниот директор и Претседател на УО на "Алкалоид", Живко Мукаетов истакна дека му претставува особена чест што компанијата којашто ја води, е дел од хуманата мисија на Црвениот крст на Република Македонија. „Мисијата на "Алкалоид" е апсолутно комплементарна со таа на Црвениот крст, во делот на грижата и помагањето на луѓето на кои тоа им е најпотребно. Нашата компанија и во иднина ќе помага и ќе го стимулира крводарителството, како една исклучително хумана дејност од секојдневното живеење“, рече Мукаетов. Од Црвениот крст потенцираат дека покажаната и докажана поддршка од од страна на „Алкалоид“, претставува пример за тоа како треба да изгледа и да функционира една општествено-одговорна компанија во вистинска смисла на зборот.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата