06 Октомври, 2024
0.0369

„Алкалоид“ најпосакувана акција, има поголем промет од сите други акции заедно!

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Најтргувана повторно беше обврзницата за денационализација која носи профит над 10 отсто но за период од 10 година, а само за споредба  тој што лани купил „Алкалоид“ сега има профит од 10 отсто Последната трговска седмица во јуни помина во доминација на обврзницата за денационализација од14емисија која оствари промет од 23,5 милиони денари и се тргуваше во сите пет трговски денови. Оваа хартија од вредност е убедливо најтргуваната во месец јуни и во секоја од седмиците постигнуваше најголем промет. За четирите трговски седмици во овој месец тој финансиски инструмент направи промет што надмина 266 милиони денари (околу 4,5 милиони евра) што е фантастично ниво на ликвидност на условите на нашиот пазар на капитал. И уште еднаш да резимира, како што веќе напишавме, оваа обврзница е доказ дека на нашиот пазар има купувачи кои имаат капацитет да конзумираат големи количества квалитетни хартии од вредност. Солидна стартан основа за таа обврзница која ќе почне да се исплаќа дури во година напролет е тоа што сега стартуваше со цена која надминува 92 отсто од нејзината номинална вредност. Замислете имаше инвеститори кои вложија за еден месец 4,5 милиони евра и кои се подготвени да чкаат една година од сега државата Република Македонија да исплати една десетина од номиналната вредност на обврзницата. Зарем има поголем аргумент за нивната верба во македонската држава. Од акциите на трите подсегменти на Официјалниот пазар не видовме многу. Оценката дури може да биде поскромно од просечно издание со исклучок на акциите на „Алкалоид“ и на „Макпетрол“. „Алкалоид“ оваа седмица оствари промет до 8,33 милиони денари во ценовна маргина од 4.800 до 4.710 денари за акција. Солидна цена за овој период од годината.  Лани во овој период „Алкалоид“ бележел просечна пазарна цена пониска за 360 денари од најниската цена што ја постигна акцијата во седмицата што е зад нас. Ова, емипириски гледано, покажува дека нивото е повисоко за 8 до 10 отсто во споредба со истиот период лани. Ако сега ова го споредиме со обврзницата од 14 емисија ќе дојдеме до заклучок дека „Алкалоид“ во очите на инвеститорите вреди повеќе од државната обврзница. Зошто? Еве – затоа што некои инвеститори се подготвени да чекаат десетина години за принос од 10 отсто, а за споредба тие што лани во овој период купиле акции на „Алкалоид“ и сега по исплата на дивиденда имаат капитална добивка од 360 денари во споредба со најниската пазарна цена постигната минатата седмица. Зошто сепак некои големи инвеститори бираат обврзници наместо акции кога соодносот е секако во корист на  оваа блу-чип акција? Одговор нема.... Веројатно е до менталитетот или до тоа се има многу пари па се вложува во се што на некој начин е сигурно и е деноминирано во евра... Втора акција за која вреди да се пишува неделава е „Макпетрол“. Изненадувачки висок промет од 3,83 милиони денари значително повисок од просеците постигнати на седмично ниво во изминатио период. Се шпекулира дека повторно ќе има некаков обид за акционерско собрание кое ќе го свикаат контрашите на актуелниот менаџмент на „Макпетрол“. Слично како лани. Да видиме... Прометот на „Макпетрол“ паѓа во континуитет раководството во континуитет бара виновници во нелојална конкуренција, во системот или во регулацијата на пазарот со гас... Тие никако не се виновни за загубите на компанијата. Но затоа на ОИЛКО, во кој се сите тие акционери, му оди солидно и работи со добивка. Акцијата на „Комерцијална банка“ оваа седмица имаше промет понизок од еден милион денари што се случува навистина ретко. А имаше понуда на 1.800 денари за акција, но страната на побарувачката беше порезервирана од вообичаено. Дали некои купувачи веќе ги знаат бројките од претстојниот полугодишен извештај односно резултатите за вториот квартал годинава? Па некако се воздржуваат од купување? Ако и вториот квартал биде сличен на првиот нормално е да чекаат подобри цени... На подсегментот „задолжителна котација“ единствено акцијата на Македонски телеком имаше најголем промет, но и тој беше под маргината од еден милион денари. Реализацијата на таа акција е 0,65 милиони денари во маргина од 270 до 260 денари.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта