Добивај вести на Viber
„Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2012 година, доби компанијата „Алкалоид“, поради транспарентноста во операциите, навременото и квалитетно објавување на ценовно-чувствителните информации преку електронскиот систем за известување на Берзата и односот со медиумите и јавноста.
Наградата беше доделена во рамките на „Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013“ во организација на Македонската Берза АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, одржана на деветти овој месец.