20 Декември, 2025
0.0721

„Алкалоид“ пушти во употреба современ високо-регален магацин во Ѓорче Петров

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2013 13:09

Добивај вести на Viber

Алкалоид“ пушти во употреба современ магацински простор за готови производи. Вкупната вредност на инвестицијата која се реализираше за само девет месеци изнесува 1,2 милиони евра.

Магацинскиот простор, соопштија од компанијата, е изведен на вкупна површина од 1.600 м2 и висина од 13 м, со 3.114 палетни места за високо-регално складирање на козметички производи и  медицински помагала. Магацините се опремени со сталажен систем со висина од 12,5 м, а за манипулација со палетите со готови производи набавени се два високорегални компјутеризирани вилушкари со висина на подигање на товарот до 10,50 м и стандардна магацинска опрема (рачни електрично-водени вилушкари, рачни палетни вилушкари и товарна хидраулична рампа).

Магацинскиот простор е изведен во согласност со најновите стандарди за ваков тип објекти со проверени сеизмички карактеристики и инсталиран софистициран систем за против-пожарна заштита, со цел да се обезбеди максимална безбедност за вработените, објектот и материјалите во него. Управувањето со материјалите се одвива преку САП софтверски систем.

Поголем дел од средствата за оваа инвестиција, како што се наведува, се обезбедени од сопствени извори на компанијата, а дел се од WeBSEFF кредитната линија  на ЕБОР (Европската Банка за обнова и развој) наменети за проекти со енергетска ефикасност кај кои се користат обновливи извори на енергија.

Во реализацијата на овој проект, стои во соопштението од компанијата, водевме особено грижа за намалување на нивото на емисија на штетни гасови, заштеда на електричната енергија, инсталирање на топлинска пумпа која обезбедува енергија за климатизација на просторот, користејќи ги подземните води како ресурс , инсталирање на штедливи светилки и ЕКО фасадни панели за термичка изолација.

Реализацијата на овој проект се одвиваше во согласност со заложбите на Алкалоид за општествена одговорност, грижа за заштитата на животната средина, безбедноста на вработените и за материјалните добра, при што сите стандарди и прописи во изведбата и функционирањето беа доследно почитувани.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии