Добивај вести на Viber
Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 12.11.2014 година изврши дополнително вложување во постојното друштво во САД по пат на зголемување на основачкиот влог.
Вложувањето се изврши во Alkaloid USA LLC во Охајо, САД по пат на заедничко вложување со досегашниот партнер V.Stavroff, LLC. Уделот на Алкалоид АД Скопје во ова вложување изнесува 30.380,00 долари. Со зголемувањето на основачкиот влог не се менува воспоставениот сооднос на основачкиот влог во друштвото меѓу V.Stavroff, LLC и Алкалоид АД Скопје.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.