„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6%, раст на консолидираната нето добивка од 10%, инвестиции во износ од 712,28 милиони денари и 157 нови вработувања во периодот јануари – декември 2016-та
Објавено во: Мои пари 28 Февруари, 2017 10:38
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.418.580.770 денари, што е за 7% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.208.748.918 денари, бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето добивка изнесува 704.269.882 денари и е зголемена за 9%.
Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 8.292.770.038 денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 3%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8%. Од вкупните консолидирани продажби,40% се остварени на домашен пазар, додека 60% се остварени на странски пазари.Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 35%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 6%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 17% и на останатите пазари се остварени 2% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари е остварен во следните земји: САД раст од 30%, Русија раст од 15%, Романија раст од 63%, Словенија раст од 13%, Полска раст од 141%, В.Британија раст од 125%, Унгарија раст од 135%, Турција раст од 72%, Чешка раст од 122%, Албанија раст од 47% итн.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 83%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 19%, Кардиолошките препарати со 17%, Невролошките препарати со 13%, Антибиотиците заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 17% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 10% и Билкарство учествува со 4%.
Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.296.423.420 денари бележи раст од 12%, додека нето консолидираната добивка во износ од 731.818.674 денари е зголемена за 10%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2016 година изнесуваат 712.282.757 денари.
Во периодот јануари - декември 2016 година во Алкалоид се реализирани 157 нови вработувања во Република Македонија.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




