05 Декември, 2025
0.0483

Алкалоид воведе иновација во теренската комуникација

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2013 10:48

Добивај вести на Viber

„Алкалоид АД Скопје“ продолжува со традицијата за регионално лидерство при имплементација на нови алатки и функционалности во тековното работење. Алкалоид АД Скопје е првата компанија во Република Македонија и првата регионална фармацевтска компанија која самостојно имплементираше и пушти во употреба иновативна апликацијa “CRM Sales Vision Pharma Аnywhere“ што всушност претставува надоградба  на постоечкиот (CRM System) систем за управување на односите со клиентите, кој компанијата за прв пат го имплементираше во фармацевтскиот сегмент во 2008 година. Оваа апликација која функционира со мобилни таблет уреди (Apple, iPad4), овозможува постојана, навремена и ефикасна комуникација помеѓу вработените во Компанијата: оние кои се на терен, во канцелариите во базата и во подружниците надвор од Македонија. Функционалностите на ова решение се поврзани со анализата на податоци, секојдневното планирање, маркетиншки активности, анализа на податоци, проекти, истражувања итн. „Успешното комплетирање на овој проект од полето на информатичката технологија и телекомуникации на Алкалоид АД Скопје, ја отвори вратата за следната планирана фаза, а тоа е работа на терен со таблет уреди и во останатите подружници надвор од Македонија и нивно синхронизирање со базата“ - истакна г. Никола Димовски, директор на сегментот за информатичка технологија (ИТ) во компанијата. Генералниот директор на компанијата-партнер на Алкалоид за овој проект,  “Media-Soft“, г. Дамир Шафариќ, обраќајќи се од Лондон, истакна дека соработката со „Алкалоид“ претставува огромно задоволство за нив како компанија: - „Алкалоид е многу амбициозна компанија со моќно портфолио, посветена на иновации и во тие визии ние сме апсолутно компатибилни. Секогаш е добро да се види дека клиентите сакаат и бараат сè посовршени системи“, изјави г. Шафариќ.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј