Алкохоличар си ја убил мајката во Штип
Објавено во: Македонија 08 Август, 2025 10:17
С.З.(54), некогашен познат угостител, а сега регистриран алкохоличар-зависник, си ја убил својата мајка со убоди со нож во раните утрински часови во Штип, пренесува локалната телевизија „Стар“.
Освен алкохолот С.З. за порок ја имал и коцката поради што постојано од најблиските барал и инсистирал на пари. Предходно, пред да западне во алкохолна криза, С.З. беше познат угостител во Штип, пренсува телевизијата.
- На 08.08.2025 во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се сомничи дека околу 02.00 часот во семејниот дом во Штип со остар предмет и нанел убодна рана на неговата 84-годишна мајка, по што таа починала. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Штип под раководство на Јавен обвинител од ОЈО Штип, при што остриот предмет бил пронајден и одземен за понатамошна постапка. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 123 став.2 точка 2 од Кривичниот законик, официјално потврдија од МВР.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




