20 Декември, 2025
0.0374

Алсат: Власта спроведува дигитализација по итна постапка

Објавено во: Економија 18 Април, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Власта бара начин итно да ја протне дигитализацијата на медиумите од први јуни годинава. Ваквиот потег следува откако, под притисок на јавноста, се пролонгираше носењето на Законот за медиуми и аудиовизуелни дела, каде требаше да се регулира и датумот за почеток на дигитализацијата на телевизиите. Токму поради тоа, власта сега сака со измени во постоечкиот Закон за радиодифузија да им наложи на телевизиите од први јуни да емитуваат дигитално, со што ќе прекине аналогното емтиување на ТВ во земјава.  Рано утрово околу 4 часот, на владина седница поминале предлог измените кои Собранието ќе треба да ги донесе во скратена постапка. Инаку, во измените што сега на мала врата сака да го донесе Владата стои дека:

„Постојните телевизиски радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно, регионално или на локално ниво имаат право радиофреквенциите за аналогно емитување доделени од Агенцијата за електронски комуникации да ги користат до 31 мај годинава.

Исто така се додава во Предлог измените дека...

„Постојните телевизиски радиодифузери кои аналогно емитуваат на државно или регионално ниво, имаат право во рок не подолг од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон, за истиот програмски сервис и за истото ниво, односно подрачје на кое ја вршат дејноста согласно издадената дозвола, до Советот за радиодифузија да достават барање за измена на дозволата за вршење радиодифузна дејност со која техничкото средство преку кое се врши аналогното емитување ќе се замени со дигитален терестријален мултиплекс, електронска комуникациска мрежа или сателит“.

Во предлог измените е определено и дека додколку постојните радиодифузери не постапат во согфласност со горенаведените одредби дозволата за вршење радиодифузна дејност престанува да им важи сметано од 01.06.2013.  А повеќето национални ТВЦ меѓу кои и АЛСАТ М имаат важеча дозвола за емитуање до 2015одина.

Дигитализацијата на телевизиите треба да ја спроведе телекомуникацискиот оператор ОНЕ, на кој ТВ треба да му плаќаат годишен надоместок од околу 160 илјади евра, а во спротивно ќе ги снема од етерот. Оваа сума дел од медиумите веќе извесно време ја оспоруваат. Со дигитализацијата, спорни прашања освен превисоката цена ќе бидат и решението приватна компанија да ги контролира предавателите, без на нив да имаат право телевизиите, како и проблемот со зрачењето на ХД слика.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба