„Божиновска доби покана да биде дел од глобалната сцена - Македонија со место на светската маса на престижниот Берлинскиот енергетски форум “

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2025
Министерката заенергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија Н.Е. Петра Дрекслер.На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција и справувањето со климатските предизвици.
Во текот на средбата, министерката Божиновска доби официјална покана која беше доставена од страна на амбасадорката Дрекслер, за учество на 11-тиот Берлински дијалог за енергетска транзиција (Berlin Energy Transition Dialogue - BETD), кој ќе се одржи на 18 и 19 март 2025 година во Берлин. Поканата е упатена од страна на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, и министерот за економија и климатска акција, Роберт Хабек.
Оваа покана има особено значење за нашата земја и претставува значајно признание за напорите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и министерката Божиновска во областа на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ќе е единствен претставник од Република Македонија.
Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција е водечки меѓународен форум кој ги обединува високи претставници од политиката, индустријата, науката и граѓанското општество за размена на идеи и решенија за глобалната енергетска транзиција. Учеството на министерката Божиновска ќе овозможи претставување на македонските напори и достигнувања, како и создавање нови можности за соработка со меѓународни партнери.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ЈАВИ ПУТИН: Даде коментар за преговорите во Ријад, сака да се види со Трамп

Енергетската транзиција во фокусот, поддршка за реформите – Средба на министерката Божиновска со претставници на ММФ

ЦЕНАТА ЌЕ БИДЕ НАД 3.000 ДОЛАРИ ЗА УНЦА: Дали сега е вистинско време да инвестирате во злато?

„Костал“ е првата компанија која ќе плати корпоративен данок во Македонија

КОМПАНИЈАТА НА КУРЦ СТАНУВА „ЕДНОРОГ“ ОД МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ: Генерира импресивни 130 милиони долари приход за само една година

Трговците повторно бараат итна средба: Загрижени сме од донесените мерки на Владата

Николоски: Ќе го ревидираме автопатот Требеништа - Ќафасан

ИСКУСНИОТ МЕНАЏЕР ГОРАН МАРКОВСКИ ДОАЃА НА ЧЕЛО НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - Таневски и официјално веќе нема ништо со компанијата со која долги години управуваше
Димитриеска-Кочоска: Солидарниот данок би можеле да им го вратиме на компаниите со пребивање
