17 Јануари, 2025
0.1311

Алтхаузер: Поддршка за СЈО и еднаква правда за сите

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на завршната конференција од проектот „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата“, во организација на ДКСК, порача дека пратениците треба да ја поддржат работата на СЈО за да има еднаква правда за сите. „Долготрајната политичка криза може да се реши само со владеење на правото“, смета таа.

- Правната отчетност претставува основен дел од демократијата и од владеењето на правото. Без тоа не може да постои трајно решение на кризата. Обвинителскиот систем треба да работи во интерес на граѓаните, а тоа значи да ги санкционира сторителите и да заплени незаконски стекнат имот“, изјави денеска Алтхаузер.

Евроабасадорот Самуел Жбогар истакна дека напредокот на земјава е можен само доколку сите важни општествени групи и поединци ѝ кажат „не“ на корпуцијата, што е едно од главните барања за пристапување кон Европската Унија.

- Борбата против корупцијата е едно од главните барања за пристапување кон ЕУ. Скорешните извештаи покажуваат дека земјите-кандидатки страдаат од слаб капацитет и од недоволна независност на судството, на институциите и на органите за спроведување на законите, на слободата на медиумите и им попречуваат на напорите за спречување на корупцијата, посочи Жбогар.

Првиот антикорупционер Игор Тантуровски, пак изјави дека Анткорупциската комисија ќе постапува по оние предмети од СЈО што ќе се достават до нив.

- Постапуваме и ќе постапуваме согласно она што е доставено до нас, рече Тантуровски.


Можеби ќе ве интересира

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

МИЛИОНСКИ СУМИ СЕ ВРАТАТ ВО ПРЕВЕНТИВНАТА МЕДИЦИНА ВО СВЕТОТ: Д-р. Митов во „Бизнис муабети“ за здравјето на работниците и развојот на бизнисот

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга

„Цело ВМРО-ДПМНЕ“ во еден вагон на пуштањето на новата железничка пруга