АЛЦХАЈМЕР, новата епидемија!
Објавено во: Анализа 19 Декември, 2012 08:15
Обидите да се најде лек за оваа болест досега се покажале како исклучително сложени и без видлив резултат. Гигантот Фајзер во последниот обид потроши неверојатни 750 милиони долари, на лек кој не даде никакви резултати. Ова кажува и дека доколку некогаш се пронајде лек за оваа болест, неговата цена ќе биде навистиба голема. Впрочем ваквите истражувања мора да најдат економска оправданост, а за жал единствено класично мерење е профитот.
Со оглед на тоа што досега резултатите се покажеле неуспешни, многу е тешко да се натераат компаниите да инвестираат во проекти кои се покажуваат непрофитабилни. Од друга страна трошоците за пацинетите заболени од Алцхајмер, се навистина сериозно големи. Се претпоставува дека во САД се трошат 172 милијарди долари за оваа намена. Тоа е повеќе од индивидуални економиите на поголем број на земји во светот. До 2050 година овој трошок ќе порасне на запрепастувачки еден трилион долари.
Американците секако не чекаат се на приватниот сектор. Во наредната година е планирано да се потрошат 500 милиони долари државни средства за истражувања за пронаоѓање на лек. Дали ќе бидат доволни тешко е да се каже.
Она што е најстрашно кај оваа болест е тоа што никој точно не ја знае причината. Секако дека горните факти се едни од причините, но постојат разни несогласувања за тоа од каде доаѓа коренот на болеста.
Се додека не се најде лекот, луѓето мора да се обидуваат да имаат помалку стрес и да водат повеќе грижа за себе, во спротивно резултатите може да бидат катастрофални, бидејќи во модерното време алцхајмерот е само една од болестите кои им се закануваат на луѓето.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





