19 Декември, 2025
0.0368

AM Best го потврди кредитниот рејтинг „A“ со стабилна среднорочна прогноза

Објавено во: Мои пари 29 Септември, 2022 12:50

Добивај вести на Viber

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, во рамките наредовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „а“ (одлично). Кредитните рејтинзи на двете компании имаат стабилна среднорочна прогноза, што ги одразува очекувањата на агенцијата дека Групацијата Триглав ќе ги задржи одличните оперативни перформанси на среднорочен план, солидната финансиска позиција и својата доминантна позиција на пазарот во Словенија и во поширокиот регион.

Агенцијата AM Bestги оцени сите поединечни елементи на целокупниот кредитен рејтинг како високи како и претходната година и ги поткрепи на сличен начин.

Финансиската позиција на Групацијата Триглав е оценета како многу солидна, а нејзините оперативни перформанси како одлични, влијанието врз кредитниот рејтинг и од деловниот профил и од мнозинските акционери како неутрално, а управувањето со ризици на компанијата како соодветно, со оглед на обемот на работење, како и избраниот профил на ризик на Групацијата. Потврдувајќи го високиот кредитен рејтинг на Позаваровалница Триглав Ре, агенцијата AM Bestја истакна нејзината стратешка важност за Групацијата Триглав, нагласувајќи колку е добро интегрирана во Групацијата.

Проценката за солидната финансиска состојба се темели на капитализацијата на Групацијата, која, прилагодена според ризикот, е на највисоко ниво. Групацијата Триглав внимателно управува со резервациите и има добра финансиска флексибилност со пристап до пазарите на акции и обврзници. Покрај тоа, во своето портфолио за животно осигурување, Групацијата постојано ја намалува својата изложеност на производи со загарантиран поврат во последниве години.

Според AM Best, Групацијата ефикасно ги користи придобивките на економиите на обем во своето работење, кои произлегуваат од нејзината водечка позиција во регионот и во Словенија.

Одличното оперативно работење на Групацијата произлегува од одличниот осигурително - технички резултат од неживотни осигурувања на домашниот пазар и од здравиот приход од инвестиции во овој сегмент. Покрај тоа, на другите пазари, Групацијата го зголемува својот обем и го подобрува своето работење, користејќи дополнителни продажни канали. Агенцијата проценува дека Групацијата има разнообразно портфолио и во поглед на понуда на производи и услуги, но и од географски аспект. 

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии