05 Декември, 2025
0.2101

АМАН и ЛЕНКА излегуваат на заеднички протест пред регулаторна!

Објавено во: Економија 10 Ноември, 2012 10:50

Добивај вести на Viber

Граѓанското здружение „Аман“ засилено со претставници на здружението ЛЕНКА денеска во 12 часот повторно ќе протестира пред зградата на Регулаторната комисија за енергетика. Овој ќе биде 13 протест на Здружението кое го крева својот глас против поскапувањата. Минатата недела „Аман“ ја започна иницијативата за собирање 10.000 потписи за измена на Законот за енергетика, а како што најавија нивното барање ќе го препратат и до Државната изборна комисија. Инаку, кон протестите ќе се придружи и здружението ЛЕНКА, кое вчера го осуди обидите за спречување на протестите. „Згрозени сме од бесрамноста на одредени организации и поединци кои се осмелија на најподмолен начин да забранат еден автентичен народен протест, протест за достоинствен живот на секој граѓанин и подобрување на животниот стандард –протест против поскапувањата“, пишува во последното соопштение испратено до медиумите попладнево од страна на движењето на социјална правда ЛЕНКА. Оттаму потенцираат дека слободата на изразување револт против неправдите, слободата на протест е сериозно загрозена, истакнувајки дека најостро ги осудуваат обидите за заплашувања и закани кон активистите на „АМАН“ поради што ја изразуваат подршката во одбрана на една од основните слободи и методи на борба против нееднаквоста – правото на протест. Движењето за социјална правда – ЛЕНКА најавува дека и денес како и досега, ќе присуствува на протестот против поскапувањата, кој овој пат ќе биде исто така и протест за зачувување на правото на протестирање.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември