19 Декември, 2025
0.0412

Аманатидис за името: Направени се поклопувања, многу е позитивна климата

Објавено во: Балкан 11 Април, 2018 20:44

Добивај вести на Viber

Грчкиот заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис, во интервју за грчкото радио „Реалфм“ изјави дека бараат комплетно решение за сите прашања, дека климата е добра, и дека се наоѓаат на средина од преговорите. 

Рече дека сакаат да има комплетен договор што ќе ги вклучува и името и кратенките и иредентизмот и уставната ревизија. 

„Договор што нема во иднина да остава отворени прашања кои може да станат поле на конфликти. Сакаме комплетно решение што ќе стави крај на овие прашања. Многумина сакаат да оценат дали одиме на „blame game“ или навистина одиме кон договор. Се наоѓаме на средина од преговорите и мислам дека климата е многу добра, направени се поклопувања, многу е позитивна климата, но и моментот“- вели Аманатидис.

Аманатидис во интервјуто за грчкото радио вели дека во иднина може да има политички промени кои независно од меѓународните договори, може да речат дека решението е неуставно, па затоа Атина бара договорот да вклучува и уставна ревизија.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, заменикот на Никос Коѕијас вели дека средбата во Охрид е клучна и важна, а разговорите  се продолжение на она каде што застанале двајцата министри во Виена на 30 март каде што „за едни прашања имаше приближувања, а за други детални разговори“.

Инаку Коѕијас пристигна во Охрид, а официјалната средба е закажана за утре во 9 часот во Охрид. Очекувањата се дека утрешната средба може да ги приближи ставовите околу спорот со името. 

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен