20 Декември, 2025
0.0613

Амазон во Македонија: Пандемијата ги сруши старите позиции, Балканот дестинација за нови инвеститори

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020 07:01

Добивај вести на Viber

Може ли Македонија да конкурира и да биде атрактивна дестинација на светски познати компании во следниот период. Аналитичарите за инвестиции во Фајненшл тајмс тврдат дека Балканот и Источна Европа се идните привлечни места за многу компании, во услови на нови големи поместувања на пазарот и на позициите кои ќе следуваат по оваа пандемија. Светот на некаков начин се справува со Ковид-19 но ефектите од кризата во многу сфери од животот се уште се на агендата. Колку поголем беше здравствениот удар, толку повеќе страдаа и економиите. Во центарот на бурата е Кина. Оваа комунистичка земја на секаков начин се обидува да ја задржи доминацијата, но другиот свет енергично сака тоа да се промени.

Домашните познавачи велат дека затоа, администрацијата и државните институции задолжени за привлекување инвестиции и поддршка на постоечките мора да почнат да зборуваат со јазикот на бизнисот. Тоа значи и проактивна улога и креативен и партнерски пристап. Според дел од експертите сега не треба да се очекува таканаречен „Nearshoring“ односно намалување на оддалеченоста меѓу експозитурите и седиштата во Европа на компаниите од автомобилската индустрија преку префрлување на бизнисот во поблиски земји но и во Македонија, особено ако ние тврдоглаво опстојуваме на сегашните тарифни стапки за увоз на материјали од неевропско потекло.

„Овие компоненти се неопходни за производство на високо технолошки производи кои се применуваат во новите технологии за електрификација на автомобилите, модерната електроника и мехатроника. Со сегашните увозни давачки за таквите делови станува смешна самата помисла за нови инвестиции и префрлања на добавувачи од Кина.  Ако ова не се воочи од страна на државата и инстутуциите, под прашање се става можноста за многу идни но и егзистенцијата на сегашните инвестиции, вели Виктор Мизо, директор на странската автомобилска компанија Костал.

Тој додава дека мерките на државната поддршка за економијата треба да ја таргетира токму оваа можност. Вели и дека државата треба да дизајнира брзи механизми за поддршка на работењето на присутните компании, но и да има стимул за нивни идни инвестиции. Едноставно, како што вели, со оглед на нивниот удел во извозот и значителниот број на вработувања неопходен е посебен пристап кон големите компании од автомобилската индустрија сто ке се врати повекекратно за дрзавата.

„Државата мора да креира долгорочна стратегија и да има директен активен пристап до инвеститорите. Само така може да конкурираме на Турција, Бугарија, Србија и други земји од регионот, вклучувајќи ја и Северна Африка кои во ова беа многу успешни изминативе 3 години. Привлекоа огромен број на звучни имиња од автомобиската индустрија но и во овој период продолжуваат со истото темпо. Ние како компанија сме сведоци на ова каде често не контактираат кластери, асоцијации и институции од околните држави, особено во последната година, со прашање за наше евентуално ко-лоцирање таму на идните производи и погони, вели тој.

Бугарските медиуми објавуваа деновиве дека властите во Софија на големо почнале да се интересираат за ова и на зголемување на можностите за привлекување на инвестициите на нивна територии. Бугарија ја нудат како земја со ниски даноци, високо квалификувана работна сила. Главен адут им е индустриската зона во Пловдив, а во моментов за таму биле заинтересирани компании и од Европа, САД Јапонија, Израел и десетици други земји.

Американскиот гигант во трговијата преку интернет Амазон отвори нов логистички центар во Централна и Источна Европа на крајот на минатата година. Сместен е во Полска, каде долгорочно вработува 1.000 луѓе. Потпретседателот на Амазон Дејв Кларк изјави дека компанијата ќе вработи 100.000 луѓе, а скоро 25.000 од нив во новите бази што компанијата ќе ги гради во Источна Европа.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба