„Amazon Web Services со потврда за технолошките капацитети и експертиза на македонскиот BtoBet “
Објавено во: Мои пари 23 Август, 2022 14:17
За да се обезбеди одговорно искуство и да се одржи лојалноста на играчите, на операторите за спортско обложување им
требаат стабилни, скалабилни системи кои можат истовремено да обработат повеќе милиони
трансакции.
Со цел да обезбеди уште подобро искуство за играчите на своите партнери, iGaming операторите, македонскиот BtoBet е една од компаниите
коија зајакнаа својата интерна ИТ
инфраструктра со инкорпорирање на Amazon Web Services, a во неодамнешна студија на случај спроведена токму од AWS, беа истакнати компаниските технолошки способности и стручни капацитети.
Студијата на случај покажува дека преку AWS инфраструктурата, BtoBet се стекна со можност
автоматски да ги скалира своите компјутерски ресурси, олеснувајќи го
совладувањето на особено зголемената побарувачка на податоци за спортско
обложување. Компанијата сега обработува двојно поголем обем на обложувачки
трансакции или вкупно близу 9 трилиони барања месечно, без дополнителни
инвестиции за зголемување на својот ИТ тим. Ова воедно е и клучен предуслов за
BtoBet да ги обезбеди своите решенија за спортско обложување за поголемите оператори
од iGaming
индустријата, скалирајќи ги своите ресурси во согласност
со нивните барањата во кое било дадено време.
Главниот технолошки директор на BtoBet, Гај Гани, вели дека оваа одлука придонела во брзото и економично зголемување на пресметани ресурси на компанијата за задоволување на зголемената побарувачка од страна нанејзините партнери.
Според AWS, оваа миграција е клучна за BtoBet имајќи предвид дека станува збор за компанија која бележи рапиден раст на светските пазари и ја става важноста на одржување квалитетни перформанси во преден план. Миграцијата го поддржала досегашното работење на компанијата на вкупно три светски континенти преку зголемување на нејзиното присуство во Европа, Африка и Латинска Америка. Од вклучувањето на AWS услугите во своето работење, BtoBet забележал раст од 42 отсто во поглед на обработка на барањата на своите партнери и 33 отсто зголемен број на успешно реализирани барања.
Покрај бројните придобивки во однос на процесот на работа, олеснување и унапредување на работата на вработените за развој на софтверот, со инкорпорирањето на AWS за компанијата се олеснува и процесот на регрутирање нови таленти.
„На денешниот пазар на труд не е тешко да се најдат кандидати со вештини за работење со AWS, подготвени да станат дел од BtoBet и со тоа да направат значителна разлика и тоа веднаш. Како компанија сме несомнено подготвени за понатамошен раст“, завршува Гани.
Целосната студија на случај прочитајте ја ТУКА.
ПР-Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




