08 Октомври, 2024
0.0268

Амбасадата во Бразилија: Немаме никаква информација за задржување на наши граѓани при влезот во Колумбија

Објавено во: Македонија 19 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Во врска со денешната белешка на Интернет, објавена од Никола Божиновски, Амбасадата во Бразилија информира дека се обидуваат да стапат во контакт со Никола, со цел да се расчистат сите недоумици околу неговиот престој во Колумбија.

„Од 2018 година постои безвизен режим помеѓу нашите две земји. Досега бројни граѓани го искористија ова право, посебно бекпери-апсолвенти кои што патуваат ширум Јужна Америка, бројните македонски млади професионалци од дијаспората кои што работат за глобалните финансиски и други професионални корпорации, како и туристите кои што главно ја посетуваат Картахена и карипскиот брег на Колумбија; Досега Амбасадата во Бразилија не добила никаква информација за задржување на наши граѓани при влезот во Колумбија, ниту, пак, за проблеми при регистрацијата во хотелите, пансионите или на Airbnb, но стоиме на располагање да ја расчистиме состојбата со пријавата на Никола Божиновски во системот на имиграција на Колумбија. Колумбиските органи и колумбиската амбасада во Бразилија имаат извонреден однос со нашата амбасада во Бразилија за сите прашања поврзани со престојот, работата и другите граѓански и конзуларни потреби на нашите граѓани во Колумбија. Амбасадата редовно издава и патни листови кои што се признаени од колумбиските власти и им овозможува непречен излез на нашите граѓани од колумбиската територија“, информираат од Амбасадата. 

Додаваат дека минатата година беа одржани политички консултации помеѓу двете МНР на ниво на регионални директори, а веќе се планира и нова рунда на политички консултации, со бројни договори од сферата на економската соработка, безбеноста, како и во други сфери од заемен интерес. 

„Посебно внимание посветуваме токму на олеснувањето на граѓанските услуги за државјаните на двете земји Амбасадата ја користи оваа прилика и повторно да информира дека дежурен мобилен број за сите наши граѓани во Јужна Америка е + 55 61 98276 1850 (македонски, португалски, шпански и англиски) – бројот на амбасадорот Ивица Боцевски. Ја користиме оваа прилика повторно да информираме дека земјите од Јужна Америка започнаа ригорозно да ја спроведуваат мерката за потребата од валиден пасош, со рок на траење подолг од шест месеци при влезот во земјата. Досега се толерираше итна интервенција на Амбасадата од Бразилија, но, за жал, веќе ја немаме таа можност на неколку дестинации, меѓу кои и често посетуваниот Перу. Имаме одлична можност до крајот на годината да постигнеме визна либерализација и со Уругвај и со Парагвај, со што ќе се заокружи слободното патување за нашите граѓани ширум Јужна Америка (исклучок се Боливија и Еквадор кои што не се на белата Шенген листа)“, стои во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Енергетиката и инфраструктурата беа во фокусот на средбата Мицкоски - Вучевиќ во Скопје

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

МАЖ ПАДНАЛ СОБИРАЈЌИ КОСТЕНИ И ПОЧИНАЛ: Невенчаната сопруга го однела во болница и потоа се обидела да избега во Албанија

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

ИМА ОПТИМИЗАМ КАЈ ЈАНЕВСКА: Дали наставниците наскоро ќе добијат покачување на платите?

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

(ВИДЕО) СНИМКА ОД ПОЖАРОТ ВО ЧАИР: Еве како избувна огнот

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

ТВРДИ ДЕКА ПРЕДМЕТОТ Е ЧИСТ КАКО СОЛЗА: Јакимовски ќе врати со кривична за лажно пријавување

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

Ивица Боцевски започна со работа како специјален претставник на Владата

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

ИНСПЕКТОРИ ГИ ЧЕШЛААТ ДЕТСКА КЛИНИКА И КОЗЛЕ: Се испитуваат сите факти за смртта на 14 месечното бебе

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ЗАИГРА“ ПАЈАКОТ ВО ЦЕНТАР: Дури 148 возила беа кренати заради непрописно паркирање

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника

„ВТОР ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА“: СДСМ бара анализа за утврдување на одговорноста за бебето кое почина на Детската клиника