26 Април, 2025
0.2492

Амбасадорот Кучи се врати во Македонија како новоосомничен за пожарот во Кочани

Објавено во: Македонија 15 Април, 2025 10:13

Добивај вести на Viber

Амбасадорот Дритон Кучи се вратил во земјава откако обвинителството против него покрена постапка за пожарот во дискотеката во Кочани, објави Телеграф.

Обвинителството побара, а судот во Кочани изрече мерки за претпазливост за поранешниот министер за економија, кој е актуелен амбасадор во Норвешка и Исланд.

Кучи е осомничен како 19-ти во проширената истрага. Од Владата информираа дека сите засегнати функционери веднаш ќе бидат разрешени по враќањето на премиерот Христијан Мицкоски од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати.

Во проширената истрага за пожарот во Кочани, поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири се во домашен притвор, а актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу е во притвор. Покрај Салиу, во притвор завршија уште три лица, четворица во куќен притвор, а осуммина се под мерки за претпазливост. Во моментов се води истрага за 47 физички и три правни лица, а осомничени се и седум полицајци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно рече дека за Кучи очекува за кратко време да биде достапен на институциите во земјава.

- Согласно она кое што го кажа лицето кое го споменавте, очекуваме дека истотото за крако време ќе биде достапно на институциите во Македонија, изјави Тошковки.

Кучи на социјалните мрежи се огласи откако бил информиран дека претставници на МВР биле во неговиот дом со покана за информативен разговор, а по објавите дека тој и други поранешни министри за економија се приведени или се под сомнение за пожарот во Кочани. 

- Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата, напиша меѓу другото Кучи на неговиот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Бујар Османи со писмо до Мицкоски: Преговарав за етнички прашања, но со дозвола од институциите, а вие ги омаловажувате Албанците

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Обвинителството собира докази за убиството на Алајдин Сулејмани кај Бит пазар

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Проф. д-р Кузмановска: Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени

Тешко повредени пешаци во Скопје и Охрид: Возачите побегнале, па биле уапсени