20 Декември, 2025
0.1138

АмЧам Северна Македонија и АмЧам Бугарија: Креирање на погодна средина за бизнисите ја зајакнува соработката помеѓу двете држави

Објавено во: Македонија 29 Април, 2022 11:51

Добивај вести на Viber

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија и Американската Стопанска Комора во Бугарија потпишаа меморандум за соработка кој предвидува активностиво насока на зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. Во име на своите организации, документот го потпишаа Јелена Арсовска, извршен директор на АмЧам Северна Македонија и Петар Т. Иванов, извршен директор на АмЧам Бугарија.

Меморандумот за соработка кој се потпиша во Софија, предвидува дека двете организации ќе инвестираат знаење, труд и енергија за да ја промовираат трговската и инвестициската соработка меѓу бизнисите, ќе соработуваат во организирање на деловни тркалезни маси, спроведување на анализии застапување за подобрување на инвестициската клима меѓу двете земји. Дополнително, двете американски стопански комори се согласија дека стручно ќе ги поддржуваат двете влади во нивните иницијативи поврзани со бизнисот и воведувањето на економските политики во насока на остварување на економската интеграција во регионот.

„Идејата е преку мапирање на идните бизнис и инвестициски можности и давањето поддршка во реализацијата на реалниот бизнис да им се донесе уште поголема економска перспектива на двете земји. Со создавање на средина погодна за бизнисот, ќе обезбедиме поддршка за двете економии и ќе го издигнеме нашето пријателство преку позитивни примери на соработка во реалниот сектор“, рече Јелена Арсовска, извршен директор на АмЧам Северна Македонија.

Нејзиниот колега од АмЧам Бугарија, Петар Т. Иванов надополни: „Ова не е само симболичен чин на потпишување на овој Меморандум. Тоа е печат на нашата волја тесно да соработуваме со нашите пријатели во Република Северна Македонија, преку искористување на нашето деловно искуство, врски и знаење, за да го дадеме својот удел за подобрување на економската перспектива на двете земји и на регионот“.

Покрај потпишување на меморандумот, за време на посетата на Софија, Драган Давитков, претседател на бордот на директори на АмЧам Северна Македонија, учествуваше на панел дискусија „Бизнис можности со Северна Македонија“ организирана од Capital Executive Club, поддржана од АмЧам Бугарија. Фокусот на економскиот дел од панелот беше насочен кон промоција на инвестицискиот и бизнис потенцијал кој го има нашата држава, како и значењето на зајакнувањето на економските односи меѓу двете земји, како важен приоритет во идниот развој на односите помеѓу Европската Унија и Западен Балкан. Соработката помеѓу двете земји ја рефлектира и долгогодишната трговска размена со која Бугарија е позиционирана како втора најголема дестинација за извоз и увоз во и од Северна Македонија.

Дополнителни информации

За АмЧам Северна Македонија

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија е бизнис асоцијација која претставува 130 компании со различна големина, од речиси сите економски сектори, пренесувајќи го нивниот глас за одржлива, предвидлива и компетитивна деловна средина преку застапување, организирање настани и споделување на најдобри практики. АмЧам Северна Македонија е акредитиран член на Американската Стопанска Комора во Вашингтон, САД и организација на Американски Стопански Комори  во Европа.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки