16 Декември, 2025
0.0648

АМЕРИКА ГОРИ, ХАОСОТ СЕ ШИРИ ВО ЕВРОПА! Судирите веќе започнаа, ситуацијата може да ескалира во секој момент

Објавено во: Свет 15 Септември, 2025 06:00

Добивај вести на Viber

Масовната тепачка што избувна во Јута за време на бдеењето за убиениот американски десничарски активист Чарли Кирк ги разгоре стравувањата од експлозија на насилство во земјата и предизвика јавна дебата за зголемената поларизација на политичкиот дијалог во САД. Американскиот претседател Доналд Трамп, чиј сојузник беше Кирк, ја обвинува „радикалната левица“ за неговата смрт и ѝ се заканува со „уништување“.

- Радикалните левичарски лудаци едноставно мора да бидат уништени - рече Трамп, објави Политико.

Чарли Кирк (31) беше убиен на 10 септември на јавен настан на Универзитетот Јута Вали. Тајлер Робинсон (22) од Јута е осомничен за убиството.

Тепачка на бдеењето

Масовна тепачка избувна на бдеењето за Кирк пред Капитолот на Ајдахо во Бојси, истиот ден кога беше убиен активистот. Според „Фокс њуз“, маж во бела маица кој возел велосипед извикал безобразни зборови за убиениот Кирк кон толпата, предизвикувајќи бес.

Полицијата подоцна го идентификувала човекот како Тери Вилсон, 41, локален активист на „Животот на црнците е важен“ (Black Lives Matter - BLM).

Еден од толпата, Алфонсо Ајала, 51, му се приближил на Вилсон, по што следела жестока расправија која брзо ескалирала во физичка пресметка. Додека некои во толпата скандирале „САД! САД!“, а други ги молеле да престанат, тепачката продолжила. Вознемирувачките снимки го покажуваат Вилсон како паѓа на земја, удиран и клоцан, пред да стане и да возврати. Тепачката продолжила сè додека не пристигнала полицијата. И Вилсон и Ајала биле уапсени.


Хаос во Лондон

Во меѓувреме, повеќе од 100.000 луѓе се собраа во Лондон во саботата на еден од најголемите десничарски собири во последниве децении. Митингот „Обединето Кралство“ беше организиран од десничарот Томи Роминсон, осуден измамник со историја на насилство, според NBC News, а американскиот милијардер Илон Маск - поранешен сојузник и соработник на Трамп со кого оттогаш се скара - присуствуваше на настанот преку видео врска.

Лондонската полиција соопшти дека уапсила 25 лица на насилниот протест и дека 26 припадници на безбедносните сили биле повредени во судирите со демонстрантите.

NBC News вели дека Робинсон го искористил убиството на Кирк за да мобилизира поддршка пред митингот. Во видео порака испратена до поддржувачите, тој зборувал за Кирк, споменувајќи го „с**рот што го уби, или организацијата, корпорацијата или владата што го уби“, објави NBC News.

- Во чест на Чарли Кирк и во чест на слободата, маршираме на 13-ти (септември) - напиша Робинсон во посебен пост на „X“.

Онлајн пресметки

Кирк се сметаше за еден од клучните сојузници на Трамп. CNN известува дека тој одиграл клучна улога во победата на Трамп на изборите, обезбедувајќи добра излезност кај младите луѓе. Шокантниот случај предизвика јавна дебата за сè пополаризираниот политички дијалог во Соединетите Американски Држави и доведе до бран оставки.

Десетици објави и пораки на социјалните мрежи кои наводно го слават убиството на Кирк се моментално во фокусот на конзервативните активисти, функционерите на Републиканската партија и таргетираните страници кои организираат онлајн кампањи за казнување на корисниците кои ги објавиле, пишува CNN.

Оние кои станаа предмет на кампањата тврдат дека сега добиваат застрашувачки закани и се плашат дека ќе станат жртви на насилство. Канадската новинарка Рејчел Гилмор изјави дека е „преплашена“ од можни одмазди од, како што го нарече, „десничарските обожаватели“ на Кирк по убиството.

Бран отпуштања

Поради реакциите на социјалните мрежи за убиството на Кирк, неколку луѓе во САД ги загубија своите работни места, според американските медиуми. Меѓу оние кои беа отпуштени, суспендирани или критикувани поради своите ставови во последните денови се наставници, пожарникари, новинари, политичари и вработени во Тајната служба, објавува The Guardian.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет им нареди на своите вработени да го пронајдат и идентификуваат воениот персонал и сите лица поврзани со Пентагон кои го исмевале или го оправдувале убиството на Кирк.

Отпуштањата доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп објавува дека ќе преземе мерки против странски државјани за кои смета дека го „слават, оправдуваат или омаловажуваат“ убиството на Кирк и самиот Кирк.

Трамп се заканува на левицата

Трамп ја засили својата реторика против левицата по убиството на Кирк. Тој рече дека „радикалните левичарски лудаци едноставно мора да бидат уништени“, објави Политико.

„Мораме да бидеме храбри во животот. И имаме одлична земја. Имаме радикални левичарски лудаци и едноставно мора да ги уништиме“, рече тој кога новинарите го прашаа дали има порака за конзервативците кои можеби се чувствуваат како да се мета на радикални групи.

Во снимено обраќање од Овалната соба по пукањето, Трамп ја обвини „радикалната левица“ за неговата смрт.

- Имаме радикална левичарска група лудаци. Само апсолутни лудаци. И ние ќе го решиме тој проблем, рече тој, додавајќи дека ќе ги повика своите поддржувачи да следат ненасилен пат како одговор на пукањето.

Што е следно?

Информирани извори изјавија за CBS News дека администрацијата на Трамп ќе испрати барање до Конгресот за дополнителни 58 милиони долари за зголемување на извршната и судската безбедност по убиството на Кирк.

Официјален претставник на Белата куќа потврди дека дополнителните средства ќе бидат доделени на Федералната шерифска служба на САД, како и за подобрување на заштитата на судиите на Врховниот суд. Администрацијата на Трамп, исто така, изрази поддршка за дополнително финансирање за заштита на членовите на Конгресот, но конечната одлука за ова може да му биде оставена на законодавното тело.

- Мораме да ги заштитиме луѓето кои се кандидираат за јавни функции, бидејќи во спротивно никој нема да сака да го стори тоа. Интензивно размислуваме за тоа додека се справуваме со траумата од она што се случи“, рече претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Блиц.рс

Фото: Чарли Кирк/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“