Американците го игнорираат Ноле, Надал доби награда за најдобар тенисер на светот!
Објавено во: Свет 17 Јули, 2014 18:38
Највлијателниот американски спортски медиум ESPN ги додели традиционалните годишни награди „ESPY“ за најдобрите поединци и екипи во неколку категории, вклучувајќи ги и најдобрите тенисери.
Иако Новак Ѓоковиќ неодамна ја освои титулата на Вимблдон и го освои првото место на ВТА, Американците едноставно го игнорираа овој факт и наградата за најдобар тенисер му ја доделија на Рафаел Надал.
Во образложението на наградата стои дека Надал освоил десет трофеи, вклучувајќи го и УС Опен и Ролан Гарос.
За разлика од сите други кои овој вид на награда традиционално го доделуваат на крајот на календарската година, ESPN од 2001 година овие награди ги доделува на средината на годината, и најдобрите се избрани преку интернет анкети. Ако ја освоеше и оваа награда, на Ѓоковиќ ќе му беше трета последователна „ESPY“ награда. Вака ова на Шпанецот му е втора титула, колку има и Ѓоковиќ, кој е во последните две години беше најдобар. Најуспешен е Роџер Федерер со шест награди на „ESPY“.
Интересно е дека американската медиумска компанија во женска конкуренција направи преседан и како најдобра тенисерка Серена Вилијамс не е наградена, а честа и припадна на Марија Шарапова.
За најдобар спортски потег ESPN ја прогласи победата на САД над Гана со 2:1 на неодамна завршеното Светско првенство во Бразил, односно победоносниот погодок на Џон Брукс во 86 минута.
Најдобар тренер е Грег Поповиќ, кој со Сан Антонио Спарс го освои шампионатот во НБА.
Најдобар странски спортист е Кристијано Роналдо, а домашен кошаркар Кевин Дурент, кој на самиот тим му ја донесе титулата на најдобар кошаркар.
Најдобриот тим на „ESPN“ е „NFL“ шампион, тимот Сиетл Сихокс.
Можеби ќе ве интересира
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




