Американски „Боинг“ паѓа, „Делта ерлајнз“ со двојно повисок профит
Објавено во: Економија 25 Октомври, 2012 16:20
Американскиот производител на авиони и аеронаутичка опрема Боинг, соопшти дека во третиот квартал забележал профит понизок во однос на истиот период лани. И покрај тоа се одлучи дополнително да ја зголеми прогнозата за цела 2012 година.
Во соопштението од компанијата се наведува дека нето профитот е намален за 6 проценти на годишно ниво, односно на 1,03 милијарди долари. Од друга страна пак, заработката по акција изнесуваше 1,35 долари, што ги надмина очекувањата на аналитичарите. Истовремено американскиот авионски превозник „Делта ерлајнз“, соопшти дека во третиот квартал двојно го зголеми профитот, главно благодарение на намалените трошоци за гориво. Вториот по големина авионски превозник во светот, заработи 1,05 милијарди долари, или 1,23 долари по акција, во третиот квартал што е голема разлика во споредба со ланските 549 милиони долари, или 65 центи по акција.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава





