05 Декември, 2025
0.0542

Американските компании засилено делат откази

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2012 09:44

Добивај вести на Viber

Се повеќе компании во САД објавуваат планови за отпуштање на работници и затворање на цели фабрики поради слабиот економски раст на земјата и продлабочувањето на рецесијата во многу европски земји. Ford Motor и Dow Chemical се последните две компании кои се приклучија кон зголемениот број на северноамерикански компании кои објавија дека ќе намалуваат работници. Само од 1 септември до денес, американските компании отпуштиле 62. 600 вработени во земјата и странство, што е најголемиот број од почетокот на 2010 година, покажуваат податоците на Bloomberg. Од почетокот на годината, вкупно 158. 100 лица во Америка биле отпуштени, што во споредба со 129. 000 отпуштања за истиот период од лани, е значително повеќе. За прв пат во последните десет години Ford затвора една европска фабрика за монтажа на автомобили, при што без работа ќе останат повеќе од 5.500 лица, а во текот на неделата отпуштања најавија и Dow Chemical, DuPont и АMD. Ригорозните мерки се како резултат на падот на приходите во третото тримесечје кај повеќето компании, и тоа во последните недели на претседателската кампања во САД. “Нема смисла да трупаме големо количество готови производи, подобро е да го забавиме темпото, додека дознаеме што не чека во 2013 година ", изјави Јана Самсон, портфолио менаџер во Oakbrook Investments. Продажбата е се послаба и тоа е сигурен знак дека отпуштањата ќе почнат да се зголемуваат, бидејќи компаниите сакаат да преземат итна акција за да им покажат на своите акционери, колку брзо дејствуваат, коментираат аналитичарите.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава