Амфилохије почина од Ковид-19 откако го сруши Ѓукановиќ од власт
Објавено во: Балкан 30 Октомври, 2020
Митрополитот Црногорски и приморски Амфилохије почина утрово во Клиничкиот центар на Црна Гора, соопшти Митрополијата. Како што е наведено, тој починал во 08:20 часот, а јавноста наскоро ќе биде информирана за сите други детали во врска со погребот на митрополитот.
Амфилохије изминатиот период беше клучна политичка фигура во Црна Гора во обединувањето на опозицијата во земјата по одржаните парламентарни избори. Благодарение на неговите активности, Мило Ѓукановиќ по безмалку три децение беше симнат од власт. Сепак, за одреден дел од јавноста неговото мешање во политиката го протолкуваа како вртење на курсот на Црна Гора под влијание на Србија.
„Во петокот, на 30 октомври 2020 година, во 8:20 часот наутро, во Клиничкиот болнички центар на Црна Гора, по приемот на Светата тајна причест, почина Преосвештениот архиепископ na Цетиње, митрополит Црногорско и приморски и егзарх на Светиот престол на Пеќ, г. Амфилохије“, соопштено е на веб-страницата на Митрополијата.
Амфилохије беше примен во Клиничкиот центар во Подгорица од 6 октомври, каде што му беше укажана лекарска помош од Ковид-19.
Шефот на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Црна Гора, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, претходно изјави дека здравствената состојба на митрополитот на Црна Гора и приморскиот крај, Амфилохије, е сериозна и дека тој е „ставен во режим на инвазивна вентилација“.
Таа објасни дека влошувањето на здравствената состојба на Амфилохије се случило откако се развила пневмонија, како последица на вирусот корона.
„По скенирањето на белите дробови и пулмоналните артерии и прогресијата на респираторната инсуфициенција, митрополитот беше интубиран и ставен во режим на инвазивна вентилација ... Ситуацијата е сериозна, целиот медицински тим е вклучен и ние постојано ги следиме сите параметри“, рече претходно Боровиниќ-Бојовиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.