АМСМ: Забрана за камиони на Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, Маврово - Дебар
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2017 08:41
Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на крак Маврово – Дебар, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
„Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен-Буково. Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2017 година. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините“ - стои во соопштение на АМСМ.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во Маврово утрово е најстудено, -20 степени, и има најмногу снег, 68 сантиметри. Висината на снежната покривка е 49 сантиметри во Пожаране, 45 во Лазарополе, 35 во Тополчани, 28 во Тетово, 27 во Дебар, 24 во Крушево, 23 во Ѓуриште, 22 во Берово.
Студено време ќе имаме и наредните денови.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




