Аналитичари: „iPhone 6s“ ќе има 12MP камера и помали пиксели
Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2015 21:16
8-мегапикселната камера на „iPhone 6“ и „6 Plus“ може за миг да ве измами дека не е на нивото на она што лидерите меѓу конкурентните смартфони ви го нудат. Во „Android“ светот предводникот веќе испорачува телефони со 16MP и дури 20MP камери. Резолуцијата сепак не е единствениот пресуден фактор, што ќе ви каже секој фотограф, како што се покажале бројните споредби на мобилните камери. Факт е дека камерите на „iPhone“ редовно се рангираат на првите позиции во тестовите, особено во поглед на фотографиите во слаба осветленост.
Но сепак „Apple“ изгледа имаат желба да влезат во светот на двоцифрената резолуција на камерата. Гласините за тоа се од некое време, а сега Кевин Уaнг од „IHS Technology“, го потврдува уште еднаш, малку подетално ова прашање. Шефот на фирмата за пазарни истражувања вели дека „Apple“ навистина планираат да користат 12-мегапикселна камера во претстојните „iPhone 6s“ и „6s Plus“, што ќе доведе и до намалување на големината на пикселите во споредба со 1,5-микрони во камерата на „iPhone 6“.
Секако, со оглед на тоа колку е тенок „iPhone 6“, звучи логично дека „Apple“ ќе користат слични димензии на сензорот, зголемувајќи ја резолуцијата преку намалување на големината на поединечните точки и зголемување на нивниот број. Помалите пиксели во теоријата значат помалку светлина од секој поединечен пиксел, но постојат многу други инволвирани фактори, па немаме трпение да видиме на што ќе е способна новата камера со висока резолуција на следната генерација за „iPhone“.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




