19 Декември, 2025
0.0460

Аналитичари: Претставниците на ВМРО ДПМНЕ да одговараат за повиците на линч

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2016 09:42

Добивај вести на Viber

Македонскиот аналитичар Албер Муслиу смета дека претставниците на ВМРО ДПМНЕ треба да одговараат за непримерните изјави кои имаат оправдувања во предизборната кампања.

Сепак, додава дека тие изјави немаат оправдување како притисок на работата на Државната изборна комисија , бидејќи во себе имаат и повик за линч.

Пратеничката од таа партија Валентина Божиновска актуелната ситуација ја спореди со состојбата во Германија за време на Адолф Хитлер наречена „Ноќ на долгите ножеви“.

„Мислам дека ќе треба да сносат одговорност за тие зборови. Граѓаните навикнаа да разбираат и сфаќаат такви пораки во кмапањата, а ова завчера може да се толкува како повик на линч и крвопролевање и мислам дека ако никој не сноси одговорност таквиот говор на омраза може да продолжи“, рекол Муслиу за медиумите.

Тој очекува консеквенци за таквите пораки и оценува дека постизборната состојба е покомпликувана во однос на претходниот период на што, како што рекол, укажуваат и резултатите од изборите.

ВМРО ДПМНЕ кој беше апсолутен владател 10 години се доведе во ситуација дури и со традиционалниот партнер да има толку минимално мнозинство во парламентот.

Од друга страна нивниот партнер ДУИ е уште поголем губитник на овие избори и е во прилично незавидна ситуација, оценува Муслиу.

Прецизираше дека ДУМ има половина од албанските мандати, додека другата половина им припаѓа на другите албански партии, од кои на второ место изби БЕСА, која е формирана пред две години.

„За пет, шест месеци имаме локални избори и се тоа на нив им ги комплицира работите“, посебно имајќи предвид дека изборниот резултат не е конечен бидејќи ДИК уште ги разгледува приговорите на изборниот процес.

Не исклучувајќи ја можноста за промена на мандати, Муслиу вели дека тоа отвора можност за фомирање на коалиција на трите партии ВМРО или СДСМ и уште две кои би биле албански.

За протестите кои ги одржуваат приврзаниците на ВМРО пред седиштето на ДИК вели дека се работи за притисок и дека тие инсистираат на тоа дека се апсолутни победници на изборите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки