29 Март, 2024
0.0233

Анализа: Дали Алкалоид е преголем залак за Подравка?!

Објавено во: Анализа 20 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Воопшто не треба да изненади што можеби Хрватската прехранбена компанија Подравка подолго време “атакува“ на македонски Алкалоид.  Групацијата и тоа како добро го познава фармацевтскиот бизнис во Хрватска и во Европа, поседувајќи ја Белупо од Копривница!  Катерина Попоска Поседувајќи 100% од акциите во Хрватски Белупо, компанија која  произведува и продава лекови во земјата и странство, Подравка и тоа како е упатена во фармацевтскиот бизнис. Оттука, не треба да зачудуваат неодамна објавените информации од “Пословни дневник“ дека втората најголема прехранбена компанија во Хрватска можеби размислува да го купи македонскиот фармацевтски гигант Алкалоид. Според неодамнешните информации објевени и во “Блумберг“, Подравка планира аквизиции во земјите од регионот за што е подготвена да плати околу 200 милиони евра. На мета на Подравка најверојатно се Алкалоид и српските компании Алева и Бамби Банат, попозната по брендот Плазма. Во 2011 година Белупо лансираше на пазарот пет нови брендови, со осум проширувања на постојните брендови. Покрај антибиотици, Белупо произведува билни и козметички производи, како и додатоци за исхрана. Има ли Подравка кондиција за Алкалоид? Последните финансиски резултати на Подравка од Копривница  (во истиот град е седиштето и на Белупо)  покажуваат дека Групацијата ја завршила 2011 година со нето профит од безмалку 10 милиони евра. Приходите од продажба пак, достигнаа 480 милиони евра, што е 3% раст во споредба со 2010 година. Од друга страна пак, ако се обидеме да ја пресметаме моменталната пазарна вредност на Алкалоид според бројот на акциите (1.431.353) и нивната последна просечна цена од 4.150 денари произлегува дека  македонската фармацевтска компанија тежи најмалку 100 милиони евра. Се разбира дека при евентуална продажба на таков бренд каков што е Алкалоид оваа сума може да оди нагоре со оглед на планираните бизниси и постојаното ширење на скопската компанија, која важи за силен регионален играч, присутен и на хрватскиот, но и на другите пазари со децении. Така што, ако навистина Подравка на листата за аквизиции има 15 компании од Балканот и планирани околу 200 милиони евра, веројатно, и според математиките, Алкалоид е преголем залак за Подравка! Но, кои и какви се плановите на Подравка за аквизиции и зголемување на приходите и до 700 милиони евра во следните пет години се очекува да се знае по завршувањето  на седницата на надзорниот одбор на Подравка, која се одржува денеска.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот