Анализа: Како ќе се развиваат петте најголеми светски економии до 2020 година
Објавено во: Анализа 08 Март, 2013 07:55
Големата производствена база, ниските трошоци на трудот, најголемо население во светот и економијата во обем доведоа до невиден економски раст во Кина. Иако темпото на раст се намалува, одложеното обновување на развиените економии од светската криза значи дека Кина ќе ја надмине САД како најголема економија во светот во 2017 година. Оваа земја ќе придонесува со 19% од светскиот БДП до 2020 година пред земјата има и сериозни предизвици, како што се растечките трошоци на трудот, загадувањето, евентуален балон кај имотите и брзо стареење население поради политиката за едно дете во семејство на владата. Од Euromonitor предвидуваат дека населението во работоспособни (15-64 година) во Кина ќе почне да се намалува од 2014 година
2. САД - крај на американскиот сон
САД ќе ја изгуби својата позиција на најголемата економија во светот во 2017 година. Во 1990 година САД помагаше со една четвртина од светскиот БДП, но според Euromonitor уделот на земјата ќе се намали до 16% до 2020 година. Светската економска криза започна токму во САД во 2008 година, а земјата не успева да се опорави, и паѓа во светските листи во конкурентност. Иако владата го избегна "фискалниот јаз" во 2012 година, еден од најголемите предизвици останува стратегијата за намалување на буџетскиот дефицит, без од тоа да следи политичка криза. И покрај сето тоа САД задржува некои предности, како најголем потрошувачки пазар во светот, на пример, статусот на лидер во технолошкиот напредок.
3. Индија - демографските карактеристики ќе и донесат придобивки на земјата по 2020 година
Индија ја надмина Јапонија како третата најголема економија во 2011 година, а нејзините демографски предности значат дека земјата може да стане најголема економија во светот во следните децении. Индија има млада генерација и извлекува бенефиции од својата "демографски дивиденда" (се зголемува бројот на работоспособно население а се намалува уделот на детско население). Од Euromonitor прогнозираат дека Индија ќе има најголемо население во светот до 2025 година и дека работоспособното население ќе се зголеми за 11,6% во периодот 2013-2020 година, во споредба со пад од 3,1% за Кина. Индија сепак заостанува во некои основни индикатори, меѓу кои едукација и развој на инфраструктурата.
4. Јапонија ќе ја плаќа цената за годините на економски застој
Јапонија доживува структурни проблеми поради децении на слаб економски раст и дефлација, додека во исто време има најголем удел на јавниот долг од БДП (235%) во светот во 2012 година. Иако земјата се уште не е во должничка криза, слична на онаа во еврозоната, бидејќи поголем дел од долгот и е внатрешен, зголемувањето на туѓ долг може да доведе до должничка криза во Јапонија. Земјата има најстарата популација во светот (средна возраст 44,7 година во 2012 година) и намалување на работната сила сила што ќе утежни дополнително финансиската состојба на владата, додека во исто време скапиот јен го прави извозот неконкурентен. Меѓутоа локацијата на Јапонија во Азија значи дека земјата може да се искористи од пониските трошоци за производство во регионот и од зголемената побарувачка за нејзините високотехнолошки производи од страна на зголемената средна класа во Азија. Слично на САД, земјата е светски технолошки лидер, кој и дава конкурентна предност во однос на развиените нејзини соседи.
5. Русија ја надмине Германија како петтата најголема економија во светот во 2016 година
Русија ќе стане петтата најголема економија во светот во 2016 година, благодарение на енергетскиот сектор и на својата улога на еден од водечките производители на нафта и природен гас. Земјата, исто така, има потенцијал во нејзиниот брзорастечки потрошувачки пазар, кој според Euromonitor ќе биде деветтиот најголем во светот во 2020 година. Влезот на земјата во Светската трговска организација во август 2012 година дополнително ја бетонираше нејзината интеграција во светската економија. Недостатокот на економска диверзификација и модернизација остануваат клучни долгорочни предизвици. Корупцијата, државната контрола и бирократијата така исто пречат на деловната клима во Русија. Како и другите земји во Источна Европа населението на Русија во делот на работоспособни намалува (-4,5% во периодот 2013-2020 година)
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





