АНАЛИЗА НА ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ: Највисок морталитет во Струга, Тетово, Куманово и Скопје
Објавено во: Македонија 29 Јули, 2020
Во анализата на Институтот за јавно здравје за неделата од
20. до 26. јули се наведува дека според
место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се
регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во
Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга,
Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на
случаи највисок леталитет се регистрира во Струга. Возраста на заболените се движи од 0 до
97 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над
60 години – 2.248 (22,0%) со инциденца од 586,5/100.000, а највисока специфична
инциденца од 714,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години
(1.987 заболени). Најниска инциденца од 173,4 и 175,4 на 100.000 жители се
регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 397 и
439 случаи соодветно
Во бројките кои Институот за јавно здравје ги објави околу новите случаи на коронавирус, а кои се однесуваат на изминатата недела (20-26 јули), кај 31,3% е регистрирано присуству на коморбидитети. 44,4% од новозаразените потврдиле дека имале контакт со лице кое било позитивно на вирусот. Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=896; 93,7%), регистрирани се 127 (14,2%) хоспитализирани, а кај 279 (31,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 398 (44,4%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена), се наведува во анализата на Институтот за јавно здравје.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.