Добивај вести на Viber
Бизнисмените во грч дали 2013 та ќе почне со стар буџет, експертите посочуваат на демократското право да се дебатира за буџетот зошто потсетуваат дека станува збор за трошење на милијарди евра пари на граѓаните и приватниот сектор. Ова се реакциите на бизнис заедницата и научната јавност откако “судирот“ на релација власт-опозиција за Буџетот 2013 та веќе ескалираше во пратеничките клупи.
“Нема да бидеме ниту прва ниту последна земја во светот што се соочува со ваква ситуација. Како пример ќе ја посочам Америка, која и оваа година се соочува со жестока дебата за буџетот. И тоа е демократско право што не смее да се оспори. “ – вели за “Фактор“ универзитетскиот професор
Љубе Трпевски.
Експертската јавност смета дека амандманската расправа е неопходна во ситуација кога во континуитет се укажуваше на непродуктивните трошења, на проекти што црпеа буџетски пари, а немаа додадена вредност во себе.
Дека продуктивните трошења треба да се минимизираат смета и стопанственикот и претседател на Сојузот на Стопански Комори,
Златко Калеников. Но вели дека недонесувањето на буџетот во законските рокови ќе се прекрши врз грбот на стопанството затоа што во новиот буџет се планирани исплати кон стопанството што не се реализирани во оваа година.
“Власта и опозицијата да престанат да си играат мачки и кучиња. Секоја конструктивна дебата е добра и јас не можам да го оспорам правото на тоа.Но сметам дека ако не се донесе буџетот, тогаш тоа ќе биде лош сигнал за економијата. Во новиот Буџет за 2013 та се преземени активности и исплати што се договорени во оваа година и од нив не може да се крати. За догодина договорени се 250 милиони долари за поддршка на конкурентноста, тука е и кредитот од 200 милиони евра зад кој како гарант стои Светска Банка, и се ова не смее да биде доведено во прашање“ – вели Калеников за “Фактор“.
Најавата на СДСМ дека ќе ги повлече амандамните доколку Владата прифати кратење на 204 милиони евра од непродуктивните трошења, Калеников ја коментира со воздржаност.
“Точно е дека треба да се запре со непродуктивните проекти, но во случајов сметам дека нема да може од каде да се скратат трошоците зошто се работи за веќе преземени обврски, склучени и потпишани договори што ќе чекаат реализација догодина“ – вели Калеников.
Професорот Трпевски вели дека подобро би било Буџетот за 2013 та година да се усвои до Нова Година...
“Доколку не се усвои Буџетот тогаш сигурно ќе се оди на моделот на привремено финасирање. Според мене подобро би било Буџетот да биде усвоен во законскиот рок, но доколу не се случи тоа, и по Нова Година власта и опозицијата ќе мора да седнат и да се договорат“ – вели професорот.
Вчера СДСМ достави предлог со кој трошењата во буџетот се намалуваат за 204 милиони евра, а најголем дел се однесуваат на непродуктивни инвестиции и договорни услуги. ВМРО ДППМНЕ возврати дека таквото кастрење може да ги доведе во прашање проектите што се од извонредно значење за здравството, школството. Буџетската расправа е заглавена на седницата на Комисијата за финансирање и буџет, и со оглед на огромниот број амандмани и непопустливоста на двете најголеми партии, сосема е извесно дека Буџетот нема да може да се донесе пред Нова Година. Доколку тоа се случи ќе се премине на времено финансирање.
Д.А.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.