28 Март, 2024
0.0312

Анализа: Ширењето на КОВИД 19 кај нас и во некои земји

Објавено во: Македонија, Анализа, Корона Вирус 20 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Првата активност како превентива во земјава беше преземена на 26 јануари, многу пред појавата на првиот случај со корона вирус. Тогаш Комисијата за заразни болести ги препорача првите вонредни мерки со кои започна справувањето со глобалната закана. Еден месец покасно се појави и првиот случај, и мерките станаа ригорозни.

Како се одвиваше динамиката на ширење на корона вирусот во околните земји, Србија и Италија. Можеме ли ние да научиме нешто од нив, или другите да го следат нашиот пример. Ние сме една од ретките земји којашто воведе заштитни мерки многу пред појавата на првиот случај.

Низ компаративна анализа на брзината на ширење и реакциите на институциите, станува очигледно колку нема простор за отстапки и колку ригорозните мерки се единственото расположливо решение и борба со пандемијата КОВИД 19.

Кај нас од првите преземени мерки до појавата на првиот случај, измина цел месец, од 26 јануари до 26 февруари кога беа откажани сите јавни собири. Оттогаш, 26 февруари до воведување вонредна состојба на 18 март, бројот на инфицирани за 21 ден се искачи до 35 случаи. Во меѓувреме имаше многу преземени мерки, градинките, училиштата и сите образовни формални и неформални институции не држат настава. Се затворија кината, театрите, игротеките и музеите и сите други настани или концерти. Настана целосна забрана за одржување и организирање насекаков вид јавни приватни собири, без оглед на обемот и бројот на учесници. Спортски објекти и вежбалните се испразнија, а под клуч се и кафетерии, барови, клубови, казина и спортските обложувалници, а во затворените молови работат само супермаркетите, продавниците за храна и аптеките. Затворени се и сите гранични премини и  аеродромите, Владата формира Главен координативен кризен штаб.

И постојано се информира во детали за состојбата на заболените, за ново-дијагностицираните, за потенцијалните во самоизолација. Но, најмногу се апелираше и се повикуваа граѓаните на придржување на превентивните мерки, на искрени изјави за патувањата, на самосвесност за контактите, за самоизолација.

После Кина, каде што епидемијата веќе стивнува, црниот примат го држи Италија, со најголем број заразени и најголем процент на смртност. Брзината со која се ширеше епидемијата во Италија се уште е предмет на анализи, а календарот на активности и бројот на зарази се во спротивна насока.

Од 31 јануари, кога се појавија првите 2 случаи и беше прогласена државна вонредна состојба, до 23 февруари бројот на заболени се искачи на дури 221 случаи. Тогаш Италија прогласи црвени зони.Сега Италија веќе и ја надмина Кина по бројот на случаи 41.035заразени и 3 405 мртви, на 19 март. Патниците што влегуваат во земјата мора да ги следат протоколите што ги спроведуваат Министерството за здравство и Светската здравствена организација.

Додека пак во Србија првите мерки беа преземени дури откако 2 случаја беа регистрирани. А во Србија од еден позитивен случај на 6 март, и тоа без воспоставени посебни заштитни мерки до прогласување вонредна состојба на 15 март, за само 2 недели бројот на позитивни на коронавирус се искачи на 47. Тогаш Србија ги затвори своите граници за сите странци кои не живеат во Србија, додека српските државјани кои влегуваат во земјата се бараше да се во само-изолација до 28 дена, или да се соочат со кривична пријава од тригодини затвор; затворени се и сите училишта, факултети и градинки. Всушност од 6ти до 17ти март, дури 71 случаи позитивни на коронавирус има во Србија.

Појавата на КОВИД 19 и брзото глобално ширење од многу земји и влади не беше сфатено сериозно и како резултат на латентниот однос, денес во светот владее пандемија. Предупредувањата за навремено реагирање и превентивни мерки и апелите од СЗО не го слушаа сите, а истите беа и се уште се пресудни за сузбивање на размерот.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“

ВАНКОВСКА КОНТРА МУЦУНСКИ: Уставното право не познава „одложена примена на уставни измени“