Андреевски: Тврдењата на Пишев се целосна лага, барам извинување
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2017 17:49
Митко Андреевски, сопственик на компанијата Си-ен-џи системс ги демантира тврдењата на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ и ги нарече целосна лага која има политичка
заднина, а со цел прикажување на лажни вести за манипулација на јавноста.
„Паднаа во вода лагите за
2.5 милони профит, па денес сме сведоци на нова серија лаги.
И за оваа
серија на лаги
очекувам извинување до
мене, фирмата Си ен џи и
компанијата Галилео С.А која ја претставуваме. За јавноста ги
доставувам следните факти: Си Ен Џи системс ги исполнува сите предвидени услови во тендерската документација, под
реден број 05-29/10, објавена во БЈН и Европско гласило
а истата е регистрирана како економски оператор во Бирото за јавни
набавки. Наводната фирма
како што ја
нарекува г-дин Пишев
„Галилео С.А“ е светски позната
компанија и истата
е посетена во
2013 год лично
од Никола Груевски
и Зоран Ставревски
и на таа
средба е разговарано
за проектот во
Струмица. За таа
средба се надевам
постојат и соодветни записници за кои г-дин
Пишев требал да праша во Владата на РМ. Посочувам дека пазарот
на природен гас е либерализиран и не е возможно да се фаворизира
одредена компанија, ако таа не е способна да реализира ваков тип на снабдување
со природен гас. Барам г-динот Пишев да
се извини во рок од три дена за грубите лаги со кои сака да и наштети на
компанијата со којашто раководам и кон мене лично, во
спортивно против него
ќе биде покрената
кривична пријава за лажно пријавување, како
и за клевета“ - вели Андреевски. Претходно Пишев обвини дека има скандал со јавното претпријатие „Струмица -Гас“ и според него, милионски суми се одлеале од општинската каса на сметка на Си-Ен-Џи Системс.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




