11 Мај, 2024
0.0255

Android или iPhone?

Објавено во: Стил 21 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

За време на последната прес-конференција, посветена на презентација на финансиските резултати на Apple, главниот извршен директор на технолошкиот гигант Тим Кук, изјави дека компанијата се радува на голем број на корисници кои го заменуваат својот Smartphone уред со систем Android со модели на iPhone. Всушност, тој рече дека корисниците на Android уредите се префрлаат на новите модели на iPhone многу побрзо во споредба со претходните три презентации на моделите во последните три години. Последните податоци за пазарот на паметни телефони во САД потврдуваат дека Кук е во право. Графиката на денот, која е базирана на податоци од comScore, покажува дека пазарниот удел на Apple во САД е 42,6% во првиот квартал на 2015 година, и расте со 1,3 процентни поени во однос на една година претходно. Apple продаде околу 61 милиони од паметниот телефон iPhone само во последниот квартал, што е раст од 40% на годишна основа. За споредба - Android изгуби околу 0,7 процентни поени од пазарниот удел во САД, иако останува лидер на пазарот со 52,4%. Но речиси 25% од корисниците на пазарот во САД не користат паметни телефони, со што се чини дека Apple има шанса да го надмине Android како најголем провајдер во земјата. BI Intelligence прогнозира дека тоа нема да се случи наскоро, бидејќи корисниците телефоните за првпат ги избираат поевтините алтернативи со Android пред поскапите модели iPhone на Apple. telefoni K.K.