14 Декември, 2024
0.2636

Анемија кај деца – како да се препознае и излечи

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Анемија е состојба при која бројот на црвени крвни клетки во телото е намалено под нормалната граница. Црвените крвни клетки ( еритроцити) се исполнети со хемоглобин, специјален пигментен протеин кој има способност да се врзе за кислород и да го пренесе преку крвта до сите клетки во телото. Кај децата, во состојба на константен раст и развој, има потреба од кислород до сите органи, па намален број на црвени крвни клетки може да предизвика стрес врз телото на детето. Најчеста причина кај децата за појава на анемија е намален внес на железо со исхраната. Заради тоа имаме намален број на црвени крвни клетки, бидејки еден од главните компоненти на хемоглобинот кој е составен дел од црвените крвни клетки е железото. Поточно, железото во хемоглобинот е тој што се врзува за кислородот и се транспортира преку крвта до сите клетки. Овој тип на анемија се нарекува железо дефицитна анемија и е најчеста анемија кај мали деца.

Како да препознаете симптоми на анемија кај децата?Рани симптоми кои се појавуваат кај децата се: појава на бледа или жолта пребоеност на кожата, бледа уста и образи, ноктите може да изгледаат помалку розеви него обично, детето е иритабилно, малаксано и почесто и подолго спие, побрзо се уморува, има недостаток на енергија, губиток на фокус и намалена способност за учење. Додека деца со изразена анемија може да имаат дополнително: чувство на недостаток на воздух, забрзана работа на срцето, отекување на рацете и нозете, вртоглавица и губиток на свест.

  Децата со анемија предизвикана од недостаток на железо можат да се забележат како јадат мраз, земја, креда, хартија, картон или брашно. Ова однесување е наречено “pica” и тоа може да доведе до опстипација. Кај овие деца, ова однесување обично запира откако анемијата ке биде третирана со суплементи на железо.Деца со хронична железо дефицитна анемија може да доведе до перманентно оштетување на растот и развојот. Во најголем процент од случаите, обична крвна слика може да ни укаже на дијагнозата.


Како може да превенираме да нашите деца не развијат анемија?

Преку воспоставување на добро избалансирана исхрана и суплементација на железо.  Децата до 12 месеци не треба да пијат кравјо млеко, бидејки со давање на кравјо млеко можеме да го намалиме нивото на железо апсорбирано во цревата ( железото се врзува за млекото и се исфрла преку столицата).Во случај на доење,според Американската Академија за Педијатрија, секое доенче треба да зема суплементи на железо во форма на сируп и тоа 1мг/1кг/ден.Доенчињата треба да земаат суплементи на железо се додека не почнат да внесуваат храна богата со железо , околу 6тиот месец.  Кога новороденото не се дои, и пие вештачко адаптирано млеко, исто така мора да зема суплементација на железо од неговото раѓање.Кај поголеми деца пак, исхраната мора да биде избалансирана и да содржи и железо. Продукти кои содржат железо се: јаткасти плодови, житарки, црвено месо, жолчка од јајце, компир, домат, грав и грозје. Дел од секојдневната исхрана мора да биде и витаминот Ц, кој може да го најдеме во голем дел од овошјето и зеленчукот, бидејки тој е одговорен за апсопцијата на железото во цревата.

Ферохел е сирупкој содржи железо кој е одличен при превенција и третман на анемија. Во 1 мл сируп има 1мг железо во форма на железо бисглицинат кој е одлична форма докажана со студии дека постигнува добра апсропција во цревата. Со самото пакување има и капаче каде можеме да си ја измериме дозата.Деца до 18 година треба да земаат 10мл од сирупот, додека жените во бременост, за време на доење и сите возрасни кои имаат железо дефицитна анемија треба да земаат по 15мл од сирупот.

Мр.Фарм.Лидија Пешталеска Николоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Успесите на ЕЛЕНА ЛУКА крунисани со лауреатот македонска ЖЕНА НА ГОДИНАТА 2024

Успесите на ЕЛЕНА ЛУКА крунисани со лауреатот македонска ЖЕНА НА ГОДИНАТА 2024

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

Меѓународно признание за иницијативата Global Engineer Girls

A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември

A1 го најавува нaјновото издание на најголемиот е-спорт настан во земјата - Седмото издание на А1 Game Fest со финале на 14 и 15 декември

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Втора панел дискусија на dm: Грижата за себе за време на менструацијата да прерасне во месечен ритуал

Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми

Гуматек: Истражувањето за јавната свест и навиките за отстранување на отпадните гуми

Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло

Истражувањето ја открива јавната свест и навиките за отстранување на отпадно моторно масло

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“